25 Април, 2024
0.0286

Фершпед: приходите ни се намалуваат, ама ќарот ни расте!

Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Фершпед АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат од 131.270 илјади денари (2,1  милион евра)  кој претставува зголемување од 12% во однос на остварениот финансиски резултат во истиот период од минатата година, кога изнесуваше 117.502 илјади денари. Oстварен е вкупен приход (оперативен и финансиски) во износ од 3.013.870 илјади денари кој е помал за 12,5% во однос на истиот период од минатата година, кога тој изнесуваше 3.442.500 илјади денари. Во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од продажба на домашен пазар од 77,6%, потоа, на приходите од продажба на странски пазар отпаѓа 21,1%, останатите оперативни приходи учествуваат со 0,1% и финансиските приходи учествуваат со 1,2%. Споредено со истиот период од минатата година зголемено е учеството на приходите од домашен пазар за сметка на приходите од странски пазар. Вкупните расходи (оперативни и финансиски) изнесуваат 2.882.600 илјади денари и тие се помали за 13,3% во однос на истиот период од минатата година кога изнесувале 3.324.998 илјади денари. Падот на расходите произлегува од падот на  расходите  за услуги кои имаат најголемо учество во вкупните расходи, односно 84,1% и истите покажуваат 11% намалување. Нето добивката во анализираниот период изнесува 127.376 илјади денари што е за 13% поголема од нето добивката во истиот период од 2011 год. кога изнесуваше 112.899 илјади денари. Инаку, како што Фактор веќе објави „Фершпед“ стана најголем акционер во скопската фабрика за чоколади и вафли „Европа“, откако за нешто повеќе од 120.000 евра ги купи акциите што досега ги поседуваше Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Според официјалните податоци на Комисијата за хартии од вредност, станува збор за 9.489 акции, кои претставуваат 3,71 проценти од главнината на кодниторската компанија. Со нив, „Фершпед“ стигна до вкупно 22,5 отсто од сите акции и го надмина досегашниот најголем поединечен акционер „Макошпед“, кој поседува 19,8 отсто од акциите од „Европа“.

Можеби ќе ве интересира

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ