Добивај вести на Viber
Компанијата „Филип Морис“ објави почеток на производство на сечен тутун на пазарот на Србија, а причина за тоа е преминот на пушачите од цигари на ефтини тутунски производи.
Според генералниот директор на „Филип Морис“ во Србија, Пол Рајли фабриката Филип Морис во Ниш е прва фабрика на оваа компанија во регионот на источна Европа, Блискиот исток и Африка, која произведува ваков тип на тутунски производи.
Покрај тоа, фабриката во Србија е една од четирите фабрики во мрежата на „Филип Морис Интернешенал“ во светот, специјализирани за производство на сечен тутун.