25 Април, 2024
0.0348

Филип Морис пред клучна одлука на САД - Дали IQOS се побезбедни од цигарите?

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Филип Морис е во исчекување на одлуката на Федералната агенција за храна и лекови на САД за нивниот нов тутунски производ IQOS кој е прикажан како алтернатива на цигарите со тутун. Според Филип Морис IQOS производот е модерна замена бидејќи го затоплува тутунот, но не го согорува и на тој начин испушта далеку помал број на штетни хемикалии. 

ФДА ќе заседава утре и во четврток и веќе има подготвено обемна документација со која се оценува и истражува апликацијата на Филип Морис. Клучно за тутунскиот гигант ќе биде да добие дозвола да ги „рекламира“ IQOS производите со помал или модифициран ризик фактор од цигарите, односно дека се помалку штетни за никотинските корисници. 

Ова е обемен потфат вреден 3 милијарди долари, пари кои Филип Морис ги има вложено во развој на IQOS цигарите со греење на тутун, клинички испити, медицински и хемиски истражувања. Поборниците за ограничување на тутунот во САД веќе водат кампања да не му се даде дозвола на Филип Морис и повеќе здруженија и активисти сметаат дека промоцијата на IQOS производите нема да допринесе во битката за намалување на бројот на пушачи, како и за тие кои сакаат да се одвикнат од никотин. 

Исто така Филип Морис и во овој сегмент ќе треба да приложи докази дека IQOS не придонесуваат во зголемување на пушачите како и во пролонгирање на процесот на одвикнување од никотин. ФДА ќе се консултира со надворешни експерти чие мислење не е задолжително, но често агенцијата ги прифаќа нивните наоди. 

Од досегашната подготвена документација може да се извлечат заклучоци „за“ и „против“ апликацијата на Филип Морис, па така се уште ништо не е дефинитивно утврдено. Доколку Филип Морис добие дозвола IQOS производите ќе ги пласира преку Алтрија групацијата во САД. IQOS производите веќе ги користат милиони луѓе надвор од САД. 

Акциите на Филип Морис паднаа за 0,1% до 108.80 долари по акција при тргувањето на њујоршката берза. 

ФДА под водството на новиот директор Скот Готлиб на тутунските компании им наложи да пласираат цигари со помала количина на никотин до нивоа кои не создаваат голема зависност, но остави простор за развој на алтернативи со понизок ризик фактор врз здравјето. 

Прогнозите се доколку Филип Морис не добие дозвола тоа нема да му успее на ниту еден друг производител бидејќи целата процедура е долготрајна и премногу скапа.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст