„Филип Морис“ во акција за придвижување на 100 мали претпријатија
Објавено во: Свет 19 Декември, 2012
Компанијата „Филип Морис“ во Србија во текот на следната година ќе помогне придвижување на најмалку 100 мали и семејни фирми ширум земјата, преку програмата „Активирај се за работа“, која се спроведува во партнерство со невладината организација Енека.
Програмата започна во 2009 година и три години е спроведувана во Ниш каде што е поддржано придвижување на 160 мали претпријатија, кои вработиле повеќе од 600 луѓе, а од 2013 година ќе се прошири во цела Србија, се наведува во соопштението на компанијата.
Со програмата се доделуваат неповратни средства за купување опрема потребна за придвижување или унапредување на сопствениот бизнис, а корисниците имаат на располагање и советодавна помош од економски експерти, кои ќе ги воведат во основите на малото претприемништво.