Филип Николоски повеќе не е дел од КБ Прво пензиско друштво
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2017
Филип Николоски повеќе нема да биде член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво. Тој оваа функција ја извршуваше во изминатите осум години во два мандата.
КБ Прво пензиско друштво е едно од најдобрите во Република Македонија кога е во прашање управувањето со приватните пензиски фондови. 2016-та КБ Прво пензиско друштво ја заврши со раст и зголемена добивка која изнесуваше 153,4 милиони денари.