29 Март, 2024
0.0259

Филмот „Арго“ на Бен Афлек се закити со Оскар

Објавено во: Стил 25 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Филмот „Арго“ на режисерот Бен Афлек, што опишува реални настани поврзани со персоналот во американската амбасада во Иран, кои во 1979 година беа земени за заложници, освои „Оскар“ за најдобар филм. „Арго“успеа да ги остави зад себе историската драма „Линколн“ на Стивен Спилберг и германската копродукција „Љубов“ на австрискиот режисер Михаел Ханеке. Режисерот Бен Афлек , кој исто така и глуми во трилерот „Арго“, во 1998 година заедно со Мет Дејмон доби Оскар за најдобро сценарио за филмот „Good Will Hunting“. Тој вчера рече: „Овде стоев пред неколку години и немав поим што правам. Бев дете. Никогаш не мислев дека ќе се вратам овде.“ „Арго“ освои трофеи и во категориите адаптирано сценарио и монтажа И покрај тоа што Бен Афлек не беше номиниран во категоријата најдобар режисер, неговиот филм „Арго“ се издвои како фаворит, освојувајќи ги наградите на здруженијата на режисерите, сценаристите, продуцентите и филмските актери. Филмот претходно беше прогласен и за најдобра драма и награден со „Златен глобус“, а на Афлек му донесе и режисерска награда на БАФТА, британскиот еквивалент на оскарите. Заложничката драма се натпреваруваше со филмовите „Љубов“, „Зверовите оф дивиот Југ“, „Џанго без окови“, „Клетници“, „Животот на Пи“, „Линколн“, , „30 минути по полноќ“. Режисерот Анг Ли го доби својот втор „Оскар“ за филмот „Животот на Пи“, создаден според истоимениот роман на Јан Мартел. Даниел Деј-Луис стана првиот актер во историјата на „Оскар“-ите, кој по трет пат ја освојува наградата за најдобар актер за филмот „Линколн“. Деј-Луис (55), кој има британско и ирско државјанство, беше фаворит за „Оскар“-от за главна машка улога. Тој годинава ги осови сите главни награди, меѓу кои „Златен глобус“, британската БАФТА, и признаниаето на американското здружение на филмски актери. Актерката Џенифер Лоренс го освои својот прв „Оскар“ за најдобра актерка. Наградата и беше доделена за нејзината улога на млада вдовица во филмот „И во добро и во зло“, на режисерот Дејвид О. Расел. Ен Хатавеј го освои својот прв „Оскар“ за најдобра актерка во споредна улога, за претставувањето на ликот на Фантин во мјузиклот „Клетници“. Кристоф Валц го освои својот втор „Оскар“ за најдобар актер во споредна улога, во последните четири години, под режисирската палка на Квентин Тарантино. Овој пат престижната награда му се додели за улогата во филмот „Џанго без окови“. Трогателната историска драма „Љубов“, на режисерот Михаел Ханеке, ја освои наградата за најдобар филм на странски јазик, откако филмот доминираше и на наградните церемонии во Европа и САД. Филмот, големиот победник на фестивалот во Кан, изненадувачки доби пет номинации за „Оскар“, а меѓу нив за најдобар филм, најдобар филм на странски јазик, најдобар режисер и сценарио за Михаел Ханеке, и најдобра актерка за Емануел Рива. „Храбро срце“, историјата на непокорната црвенокоса принцеза, на студиоот „Пиксар“ му го донесе седмиот „Оскар“ за најдобра анимација. Американската академија за кинематографска уметност и наука синоќа по 85. пат ги подели најпрестижните награди во светот на филмот - „Оскар“-ите. Церемонијата се оддржа во „Долби театарот“ во Лос Анџелес.