18 Април, 2024
0.0245

Филмови за Роберт Плант (Лед Цепелин) и трибјут за Леонард Коен на Скопје Синема Сити – Загревање

Објавено во: Мои пари 24 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

На 3 и 4 февруари 2017 година, во Кинотека на Македонија ќе се одржи Скопје Синема Сити - Загревање. На дводневниот настан ќе биде прикажан избор на музички документарни филмови од второто издание на фестивалот Скопје Синема Сити, што се одржа во октомври 2016 година.

На 3 февруари, со почеток во 20 часот во Кинотека на Македонија, ќе бидат прикажани филмовите „Роберт Плант: Јас самиот“ и „ЛеонардКоен: Јас сум тој“.Додека на 4 февруари, повторно со почеток од 20 часот, посетителите ќе имаат можност да ги проследат филмовите „ПинкФлојд: А кој од вас е Пинк?“ и „Фактори Рекордс: Од ЏојДивижн до ХепиМандејс“. На втората вечер ќе има и премиерно прикажување на краткиот филм за Љубојна, „Радио Љубојна“.

Скопје Синема Сити е фестивал за музички документарни филмови на којшто се прикажуваат бројни филмови од различни продукции, вклучувајќи ја и домашната, а Загревање како дел од Фестивалот, веќе традиционално во февруари ги репризира филмовите од претходното издание. Првиот Скопје Синема Сити се одржа во 2015 година со трибјут за ДејвидБоуви, а во рамките на второто издание во 2016 година се направи трибјут за ЛеонардКоен. Фестивалот е организиран во Кинотека на Македонија и во фокусот беше кантавторот ЛеонардКоен, со чијшто филм „Јас сум тој“ и беше отворена манифестацијата. Исто така, Фестивалот оствари соработка со британската телевизиска продукција Би-би-си, па беа прикажани повеќенивни филмови.

Можеби ќе ве интересира

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“