ФИЛМСКО РАЗБОЈНИШТВО ВО САРАЈ: Маскирани лица со автоматски пушки ограбиле бензинска-вработениот го затвориле во просторија
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2017
Вистински филмски разбојништва се одвиваат во главниот град ама и во внатрешноста.
Вчера во Скопски Сарај на бензинска пумпа „Имо Оил“, три непознати маскирани лица, вооружени со автоматски пушки, физички го нападнале вработениот.
Разбојниците му одзеле околу 20.000 денари, паричник во кој имало 1000 денари, документи и еден ресивер од безбедносните камери од пумпата, по што го затвориле вработениот во една од просториите и избегале во непознат правец.
МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.
Разбојништво вчера се случило и во Охрид во маркет „Теди“.
Таму непознато маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништво врз вработената, при што одзело сума на пари од околу 60.000 денари од дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.