ФИНАНСИСКА БЛОКАДА: Стотици илјади луѓе ќе останат без работа?
Објавено во: Економија 20 Јануари, 2018
Американската влада е во финансиска блокада затоа што демократите и републиканците не успеале да го решат спорот околу имиграцијата и потрошувачката.
Ова се случува откако сенаторите на двата дома на американскиот Конгрес не успеале до полноќ да постигнат договор за усвојување на предлогот за продолжување на финансирањето на Владата во Вашингтон, при што дошло до финансиска блокада. Блокадата нема да го запре финансирањето на сите агенции, програми и услуги кои ги финансира федералната Влада. Но, вработените во агенциите и министерствата кои не се сметаат за клучни, ќе престанат да работат додека Конгресот не биде во состојба да го усвои законот за федералниот буџет. Се работи за стотина илјади работници.
Белата куќа објавила соопштение во кое ги обвинува демократите во Сенатот за блокирање на нацрт законот со кој би се спречила парализа на американските сојузни служби.
Појавата финансиска блокада е невообичаена, но се случувала и во минатото. Од 1981. година имало 12 такви случаи. Најдолго траела блокадата во време на мандатот на Бил Клинтон - 21 ден.