19 Април, 2024
0.0425

ФИНСКА ЕКСПЕРИМЕНТИРА: Еве колку е успешен гарантираниот приход од 560 евра

Објавено во: Финансии 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Финска започна неодамна дрзок експеримент: до крајот на 2018 година 2000 невработени Финци, избрани по случаен избор, ќе добиваат гарантиран основен приход во износ од 560 евра. Што покажуваат резултатите досега, анализира Deutsche Welle.

„Кога го видов писмото, знаев дека е од социјалното осигурување. И кога го прочитав, страшно се израдував“, раскажува Јуха Јарвинен. Тој е татко на семејството и веќе некое време е невработен. Јарвинен е еден од 2.000-те Финци, избрани од државата, кои во текот на една година ќе добиваат експериментално гарантиран основен приход.

Либерално-конзервативната влада го спроведува овој експеримент не од љубопитност или од љубов кон експериментите, а по потреба. Финска се уште не ја надминала економската криза. Невработеноста е висока, пазарот на трудот е во реконструкција, а социјалниот систем во земјата е комплексен.

Затоа владата воведе гарантиран основен приход. Тој треба да помогне во намалување на големите разлики во приходите меѓу населението и да ги мотивира луѓето да прифатат во прво време и полошо платена работа. Најдобра опција би биле примателите на гарантиран основен приход да основаат сопствени бизниси.

До крајот на 2018 година 2000 невработени Финци меѓу 25 и 58 години, избрани по случаен избор, ќе добиваат гарантиран основен приход во износ од 560 евра. Секој кој сака, може да заработува и дополнително без одбитоци.

2000 среќници?

И тоа е неопходно, бидејќи целосниот гарантиран основен приход кој ги заменува сите државни социјални услуги, би требало да биде околу 1.500 евра месечно. Германката Штефи Ерунен исто така е меѓу 2000-те избрани во експериментот. Таа е мажена за Финец. Но не ја чувствува истата радост како Јуха Јарвинен.

„Многумина мислат дека тоа се подарени пари. Но тоа не е точно, бидејќи сè се одзема од помошта за невработени. Парите ќе ти испаднат како подарени само ако си најдеш работа. Инаку ништо не се менува“, вели таа.

Оли Кангаз е раководител на проектот за гарантиран основен приход во финската социјална осигурителна агенција „Келани“. Кангаз прави позитивно посетување и смета дека гарантираниот основен приход има добра перспектива.

„Социјалните услуги кај нас се тесно поврзани. Тоа значи дека ако некој најде работа, ние скратуваме други социјални услуги. И во еден момент често станува така, што не вреди човек да работи повеќе“, вели тој.

Според него, гарантираниот основен приход има добра перспектива, бидејќи Финска далеку не се обновила економски. „Ако сите имаа постојана работа, немаше да имаме потреба од гарантиран основен приход. Ако сепак многумина немаат сигурна работа и се принудени да заработат на неколку места, тогаш главниот приход е важен“, смета Кангаз.

Добрите и лошите страни

На прв поглед звучи логично. Многумина сметаат дека ваквите проекти се можно решение за обезбедување на суштината во несигурните времиња. Сепак, никој не знае како ќе заврши финскиот експеримент. Дури после 2 години ќе има одговор на некои основни прашања.

Многу од поддржувачите на проектот сметаат дека државата ќе штеди пари на овој начин, бидејќи многу од примателите на гарантиран приход работат дополнително и не ги оптоваруваат социјалните каси. Други пак стравуваат дека има многу луѓе кои само ќе ги добиваат парите и ќе одбиваат дополнителна работа. Тогаш гарантираниот основен приход ќе излезе поскапо на државата отколку сегашниот општествен систем.

Има и уште една голем прашалник. Претседателот на здружението на невработените во Хелсинки Ана-Марија Кантона стравува дека дополнителната работа или работата на привремени договори, дополнета со гарантиран основен приход, може да стане правило. „Ако со проектот бидат извршени масовни злоупотреби, заштитата од отпуштања ќе биде испразнета од содржина“, истакнува таа.

Можеби ќе ве интересира

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“