23 Април, 2024
0.0266

ФК Вардар се нуди на продажба?!

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Градот Скопје како еден од основачите и мнозински сопственик на акциите во Фудбалскиот клуб Вардар бара инвеститор во управувањето на ова Акционерско друштво, дознава Фактор. Над 1,5 милиони евра годишно во период не помал од 10 години ќе треба да вложи новиот потенцијален инвеститор во Фудбалскиот клуб Вардар АД. Ова го бара Градот Скопје од идниот инвеститор во клубот, дознава Фактор. Како сопственик на 51% од акциите во ФК Вардар, Градот Скопје планира да започне постапка за вклучување на инвеститор во управувањето на ова Акционерско друштво за да обезбеди долготрајна финансиска стабилност и промоција на менаџерскиот и претприемничкиот дух во клубот. Начинот и постапката на влезот на приватен капитал во ФК Вардар АД се уште се непознати. Но, од Градот Скопје велаат дека во зависност од интересот на инвеститорите ќе ја динамизираат постапката. „Минималните вложувања кои ги бараме од потенцијалниот инвеститор се за редовно и тековно функционирање на првиот (професионален) тим кој настапува во Правата Македонска лига, за младинските екипи од сите возрасти како и за администрацијата на Акционерското друштво“, велат од Град Скопје. Според неофицијалните информации на Фактор, од инвеститорот ќе се бара и Предлог-проект за зачувување и унапредување на фудбалскиот бренд Вардар како клуб со традиција, но ќе се бара и стратегија  за унапредување на првиот тим, на младинските екипи и промоција и доближување на фудбалскиот спорт до македонските граѓани. Градот Скопје ќе ги очекува инвеститорите преку Писмата на намери најдоцна до 15 мај годинава да ги наведат сите идеи за реализација на проектот. Кон крајот на јануари минатата година најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, од граѓанско здружение се пререгистрира во Друштво за спортски дејности ФК Вардар АД. Со ова се отвори можност за влез на нови акционери во клубот, а со тоа и за зголемување на буџетот на клубот. Малцински акционер (49%) во ФК Вардар АД  е Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија. К.П

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!