25 Април, 2024
0.0309

Фолксваген го потресе светот со скандалот, а сега и со нова вест!

Објавено во: Свет 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген соопшти дека остварил нето добивка од 2,28 милијарди евра (2,49 милијарди долари) во третиот квартал.

Овој профит доаѓа после големите загуби пред година дена поради глобален скандал поврзан за измами на тестови за емисии со штетни гасови од дизел автомобили.

Добивката на групата во три месеци, заклучно со септември, е благо пониска од прогнозите на аналитичарите кои типувале износ од 2,45 милијарди евра, но претставува огрмен залет во однос на нето загубата од 1,73 милијарди евра забележани во истиот период лани.

Произведувачот на автомобили, потона во најдлабока криза во својата историја откако во септември минатата година призна дека инсталирал софтевр за лажирање на податоци за емисијата на гасови во своите 11 милиони дизел мотори во светот.

Уште непроценета штетата на оваа афера - вклучувајќи казни на регулатори и судски трошоци, го турна VW во „црвено“ прв пат во повеќе од 20 години, кога компанијата прокнижила загуби од 1,6 милијарди евра, бидејќи поради судски спорови била присилена да издвои одредени средства на страна, кои досега се искачија на 18 милијарди долари.

Американски судија во вторникот донел конечна одлука за одобрение на нагодбата на VW по колективна тужба во врска со „дизелгејт“ скандалот во износ од 14,7 милијарди долари, што е највисока таква нагодба на еден произведувач на автомобили во историјата.

VW можеби и со неочекувана брзина ја враќа изгубената доверба, но е јасно дека тие во САД никогаш веќе нема да продадат автомобили со дизел мотори. Со секој нов извештај човек ќе се сети и рече: „Точно - измамницни“.

Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму