Добивај вести на Viber
Фолксваген Групата до крајот на 2018 година ќе го зголеми бројот на вработените од 550.000 на 600.000 работници, како дел од стратегијата да стане најголем производител на автомобили во светот, изјави за германски весници претседателот на работничкиот совет Бернд Остерлох.
– Фолксваген расте и затоа ќе продолжи да вработува нови работници во производството, образложи Остерлох во интревју за дневникот „Ханделсблат“.
Германскиот производител лани испорача 9,1 милион возила и во следните пет години планира да ја симне Тојота од тронот и да стане водечки производител на автомобили во светот.