19 Април, 2024
0.0270

Фондот склучи договор за услуги со 10 здравствени установи

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Годинава Фондот за здравствено осигурување склучил договори со 10 јавни здравствени установи за вршење здравствени услуги на осигурениците. Договорот е тежок околу 387 милиони денари, информираше денеска директорот на ФЗОМ Јован Грповски.

„Воведувањето условни надоместоци се покажа како успешна приказна во македонското здравство и затоа ФЗОМ и сите здруженија на пациенти со кои Фондот редовно комуницира ја оценија оваа новина како крајно позитивна. ФЗОМ и годинава, согласно добиените информации каде треба поттикнување на ЈЗУ, ја продолжува праксата на договарање на условни буџети, но и проширување на видот и обемот на здравствени услуги каде за тоа има можност и интерес“, изјави Грповски.

Еве со кои 10 установи се направени договорите

1.Универзитетската клиника за неврологија да биде стимулирана за третман на 209 лица месечно на мултипна склероза со имуномодулаторна терапија во вкупен износ од 121,4 милиони денари,

2.Клиниката за ревматологија за третман на 100 лица на ревматоиден артрит со специфична терапија во вкупен износ од 31,8 милиони денари, 3.Клиниката за хематологија за 25 трансплантации на коскена срцевина во вкупен износ од 14,7 милиони денари, 4.Клиника за детски болести за третман на околу 50 лица месечно со цистична фиброза и третман на 100 деца месечно со хормон за раст во вкупен износ од 95,2 милиони денари, 5.Клиника за урологија за 35 трансплантации на бубрези во вкупен износ од 25,9 милиони денари, 6.Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 12 васкуларни процедури и 160 процедури на граден кош и дигестивен тракт издвоени се 17,6 милиони денари, 7.Клиниката за детска хирургија за 5 трансплантации на бубрези и 2 трансплантации на црн дроб има вкупен износ од 4,9 милиони денари, 8.Клиниката за уво, нос и грло за вградување на 4 кохлеарни импланти вкупниот износ е 4,4 милиони денари, 9.Клиниката за очни болести за 1.000 оперативни зафати на катаракта со фако метода вкупниот износ е 27 милиони денари, 10. ЈЗУ Градска општа болница 8 Септември за 1.000 оперативни зафати на катаракта со фако метода и 470 литотрипсии на уринарни камења се издвоени 43,6 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023