19 Април, 2024
0.0245

Фондот за пензиско осигурување е пред колапс, Владата го одржува на апарати!

Објавено во: Анализа 27 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Ако Владата не ја наметнеше во јавноста темата за загрижувачкиот тренд на пад на наталитетот, тешко дека ќе имавме прилика да слушнеме од министерот за труд и социјала, Спиро Ристовски, дека пензискиот систем практично е пред колапс! Иако, состојбата веќе подолг период е аларматна и бара итни решенија, проблемот се призна дури сега, и тоа помалку случајно. -Имаме запрепастувачка ситуација на еден пензионер во моментот да работат и одговараат за него 1,7 вработени лица што е тешко одржливо за целокупниот пензиски систем во Република Македонија, а до пред 20 години за потребите на еден пензионер работеа четири до пет лица - рече Ристовски, апелирајќи сериозно да се сфати ризикот од намалувањето на нателитетот. Но, иако проблемот и јавно беше обелоденет, нема никакви најави дека се планираат било какви мерки за подобрување на ситуацијата. Напротив, таа дополнително ќе се влоши во март идната година, за кога е најавено ново зголемување на пензиите, овој пат за 5 проценти! Од буџетот за пензии 287 милиони евра! На Фондот за ПИОМ потребни му се околу 750 милиони евра годишно за пензии, но од придонесите што ги уплаќаат вработените собира не цели 450 милиони. За да обезбеди редовни пензии, Владата годинава директно од буџетот префрли во Фондот рекордни 287 милиони евра, или речиси исто колку и за капитални инвестиции. Праксата да се „помага“ ПИОМ не е нова, бидејќи пензискиот систем веќе дваесетина години не е самоодржлив, но последниве години зазема драматични размери. Така, само во однос на лани сумата што се трансферерира од буџетот е зголемена за 54 милиони евра, а во однос на 2008 година за цели 100 милиони евра! Главната фалинка на македонскиот пензискиот систем, како и повеќето од земјите на источниот блок, е што тој е проектиран во социјализмот, кога имало многу повеќе работници, а многу помалку пензионери. На пример, во 1990 година, пред распадот на Југославија, во земјава имало 602.000 вработени и само 166.000 пензионери, што значи сооднос вработени/пензионери бил 3,6:1! Масовните отпуштања од работа во транзицијата и стареењето на населението во меѓувреме, овој сооднос денес го сведоа на 1,7:1. Има само 465.000 осигуреници, а дури 280.000 пензионери! ПИОМ:Најлошото допрва доаѓа! Но, најлошото се уште не дошло. Пензискиот систем особено ќе се најде на удар за 20-тина година, кога според проекциите на експертите во Фондот, бројот на старите лица ќе достигне третина од населението над 18 години и ќе биде еднаков на бројот на вработените! - Во песимистичкото сценарио соодносот вработени/пензионери ќе се намали до 1,11:1, а дури и во оптимистичкото сценарио тој сооднос е неповолен и се намалува до 1,46:1. Ваков сооднос укажува дека систем кој се заснова само на тековно финансирање ќе има проблеми во своето работење, бидејќи самиот сооднос осигуреници - пензионери е индикатор за неодржливоста на системот - оценуваат експертите на ПИОМ. И покрај крајно загрижувачките показатели, владата сепак, не планира значајни реформи што би ја вратиле виталноста на пензискиот систем. Годинава имаше само мало намалување на основицата за идните пензионери, но, според упатените, сериозен импакт може да се почуствува само преку зголемување на старосната граница за пензионирање, по примерот на многу европски земји. Сепак, ваков потег е малку веројатен, со оглед на политичките импликации од него. Засега, сите надежи се во приватните пензиски фондови, кои за неколку децении треба да понесат посериозен дел од товарот, кој сега е само на грбот на државата. М.Г. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза