19 Април, 2024
0.0259

Форбс: Двајца од основачите на Twitter меѓу милијардерите

Објавено во: Стил 06 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Двајцата коосновачи на Twitter, Џек Дорси и Иван Вилијамс, и натаму се меѓу големите акционери на социјалната мрежа и го илустрираат брзиот напредок на младите гении на високата технологија на ниво на милијардери. „Објавувањето на листањата на берзите на Twitter потврдува дека, да се биде претприемач од типот „self made man' е една од ретките расположиви стратегии, доколку се сака да се стане милијардер на забрзан начин", истакнува Дејвид Фридман, претседател на компанијата специјализирана за процени на личните богатства „Wealth-X". Компанијата проценува дека најмногу би требало да профитира 41-годишниот Иван Вилијамс кој учествувал во основањето на социјалната мрежа и беше нејзин главен директор во периодот меѓу 2006 и 2010 година. Магазинот Forbes објави дека Вилијамс ќе влезе на неговата референтна листа на милијардери, оценувајќи дека тој сега има сопственост од 1,4 милијарди долари, од кои 1,1 милијарда долари за уделот во Twitter. Така на листата ќе му се придружи на 36-годишниот Џек Дорси, дизајнер на програмата на социјалната мрежа на која и го напиша првиот твит во март 2006 година, и беше првиот главен директор.   Извор Макфакс

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре