28 Март, 2024
0.0246

ФОРБС: Ова се идните милијардери

Објавено во: Стил 04 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Секоја година списанието Форбс ја објавува листата со милијардерите во светот. Оваа година во светот имало 1 426 милијардери , што е за 200 повеќе од минатата година. Сепак има уште една листа, тоа се оние богати луѓе кои се на чекор од станување милијардери. ова се деветмината кои догодина најверојатно ќе бидат дел од најбогатите според Форбс. 9 .Бупендра Кумар Моди - 755 милиони долари Тој е од Сингапур и е сопственик на Spice Group - конгломерат , со бизниси во различни сектори како финансиски услуги , шоу бизнис , мобилни телефони и др . Поседува имоти во Сингапур и Индија. Иам додипломирано на University of Southern California . 8 . Оеи Хонг Леонг - 765 милиони долари Уште еден мултимилионер од Сингапур . Тој е син на индонезискиот милијардер Ека Џипта Виџаџа . Тој е се збогатил благодарение на разумни инвестиции. Направил милиони откако ја купил и потоа продал 21 % од Intraco , компанија која тргува со пластика и метал. 7 . А Велан - 805 милиони долари Тој е претседател на индиската Murugappa Group . Групата има активности во областа на осигурувањето, пестицидите , автомобилски делови и др . Таа има 32 000 вработени и постои од 1900 година. Вален има завршено индустриска администрација во Aston University во Велика Британија и има магистратура на University of Warwick Business School . 6 . Тан Бои Ти - 855 милиони долари Тој е од Сингапур и се збогатил во бродската индустрија. Во 1978 година ја основа Labroy Marine . Во 2008 година , само 30 години по нејзиното основање ја продаде за 700 милиони долари. Тој има удели во многу други компании , како 15% во сопственост во Brothers Holdings . 5 . К. Динеш - 870 милиони долари Тој е еден од основачите на софтверскиот гигант Infosys . Компанијата е основана во 1981 година , а приходите од неа се над 7 милијарди долари . Таа има над 157 000 вработени во целиот свет , а профитот за 2013 година е 1,72 милијарди долари . 4 . Бриж Бушан Сингал - 890 милиони долари Тој е претседател на Bhushan Steel . Компанијата е основана во 1987 година и произведува градежни материјали . Минатата година заработи од оваа компанија 1.32 милијарди долари . 3 . Виџаи Мала - 900 милиони долари Тој е претседател на UB Group . Компанијата има различни бизниси - фармација , производство на пиво , биотехнологија и информациски технологии. Тој беше избран за претприемач на годината во Азија , иако има многу критичари за доделувањето на ваквата титула. 2 . Ану Ага - 935 милиони долари Таа е поранешен претседател на индиската компанија Thermax Ltd , која е присутна во 75 земји во светот . Основана е во 1980 година и произведува климатизери , бојлери и др . Таа се повлече од функцијата претседател во 2004 година , за да и го отстапи на својата ќерка. Во моментов се занимава со добротворни активности и е лице е на Teach for India . 1 . Анураг Дикшит - 980 милиони долари Тој е еден од најважните луѓе во Partygaming и има голем удел во неа . Иако сопственик е Рут Парасол , Дишкит ја има креирано програмата , која им овозможува на играчите да играат едни со други покер .

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи