Ford го менува главниот директор, време е за нови технологии
Објавено во: Економија 22 Мај, 2017
Бордот на директори на Ford Motors наскоро ќе донесе одлука за смена на главниот извршен директор Марк Филдс под чие тригодишно управување компанијата забележа пад на вредноста на акциите од 40%, а исто така не успеа да го прошири бизнисот со продажба на автомобили и многу заостанува во примената на нови технологии.
Затоа на местото на Филдс најверојатно ќе дојде Џим Хакет кој досега беше задолжен за фирмата ќерка на Ford задолжена за развој на автомобили со самоуправувачки технологии.
Големите технолошки брендови како Google, Tesla, Uber и останатите наметнаа трка за развој на самоуправувачки возила, па Ford мора да се насочи во нов правец за да одговори на модерните потреби.