24 Април, 2024
0.0275

Ford и Schaeffler денес го претставуваат возилото Fiesta врз основа на е-погон

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Компанијата за моторни возила Ford и Schaeffler денес го претставуваат возилото Fiesta -врз основа на е-погон, подвижно возило за истражување кое може да доведе до подобрување на градска мобилност и паркирање со создавање на можни помали, но по подвижни возила. Со напојување од два независни електрични мотори во секое од задните тркала, технологијата со е-погон нуди простор под хаубата во кој во конвенционалните возила се наоѓа моторот и преносот, а во електричните возила е централниот мотор. -Ова е исклучителен проект за да се работи со Schaeffler, бидејќи тој потенцијално отвора нови опции за развој на Возила со Нула Емисија со многу ефикасно паување и исклучително маневрирање“, рекол Pim van der Jagt, Ford’-овиот директор за Истражување & Напреднато Инжењерство во Европа. „ Во очекување, имаме можност да ги опфатиме способностите на возилото и на кој начин може да се надминат некои од предизвиците кои се претставени со примена на технологијата.” Со мотори кои се во тркалата , компонентите кои се потребни за возење, забавување и технологиите за помош на возачот се инсталирани во интегриран погон на осовина на тркалото- вклучувајќи и електричен мотор, системи за кочење и ладење. -Овој високо интегриран погон на осовината на тркалото овозможува да се преиспита градското возило без ограничувања; и може да биде клучен фактор во новите концепти за возилото и автомобилските платфори во иднина“, изјавил Peter Gutzmer, главен технички директор, Schaeffler. Ford се вклучиле во проектот предводен од Schaeffler, водечки производител и добавувач на аутомотивни компоненти, кој се наоѓа во Германија, за да го истражат потенцијалот за идните возила кои можат да понудат и нула емисии и повеќе простор за карактеристиките како што се зоните на дополнителна заштита. Електричните мотори во тркалата многу индустриски стручни лица ги гледаат како потенцијален, важен, иден овозможувач на технологијата за градските возила, бидејќи светот станува се понаселен и урбанизиран. Се предвидува дека до 2050 бројот на лицата кои живеат во градовите глобално би се зголемил од 3,4 милијарди на 6,4 милијарди*; а бројот на возилата ширум светот ќе се зголемат четирипати. -Се соочуваме со предизвици на кои треба да се обратиме со тек на времето, размислување и инвестиција,”  изјавил Sheryl Connelly, Ford-ов менаџер за глобални трендови и иднина.  “Уште на почетокот да се види на кој начин може да се исполнат тие предизвици преку проекти на истражување како што е е-погонско движење, со кои се осигурува дека ја прифаќаме иднината на избор, а не иднина на ограничување.” Ford ќе биде партнер со Schaeffler, Continental, RWTH Aachen и Универзитетот на Применети Науки од Регензбург,на проектот MEHREN (Електрично возило со повеќе мотори со најголем простор и енергетска ефикасност) со кој ќе се развијат две нови погонски возила до 2015 год. Проектот има за цел да ја зголеми интеграцијата на мотори во тркалата во возилото и ќе се грижи за контролата на динамиката во возилото, кочењето, стабилноста и факторот возењето –е забавно.    

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!