20 Април, 2024
0.0324

Ford ја проширува својата гама автомобили: Нови електрични и хибридни возила

Објавено во: Мои пари 04 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата Ford, вчера, претстави 7 од најавените 13 нови модели електрични возила кои планира да ги произведе во наредните пет години, вклучувајќи ги хибридните верзии на познатите F-150 Пикап и Мустанг (Mustang) во Америка, Транзит Кастом (Transit Custom) во Европската Унија и целосно електричен СУВ со очекуван опсег од најмалку 300 милји за глобалниот пазар.

Новите седум електрични возила кои ги најави Ford вклучуваат:

- Целосно електричен мал SUV, кој ќе се произведе до 2020 година, создаден да дава опсег од најмалку 300 милји и ќе биде произведен во фабриката во Флат Рок, а ќе се продава во Северна Америка, Европа и Азија.
- Автономно возило со висок волумен, дизајнирано за комерцијално возење или споделување на автомобилот. Ќе почне да се продава во Северна Америка. Хибридните возила ќе дебитираат во 2021 година и ќе бидат направени во фабриката во Флат Рок.
- Хибридната верзија на најдобро продаваниот F-150 Пикап ќе биде на располагање од 2020 година и ќе се продава во Северна Америка и на Блискиот Исток. F-150 Hybrid, ќе биде произведен во фабриката во Дирборн, ќе нуди автомобил со моќно влечење, товарен капацитет, но и ќе работи како мобилен генератор
- Хибридна верзија на легендарниот Мустанг кој ќе ја пренесе моќта на V8, дури и повеќе low-end вртежен момент. Хибрид верзијата на Мустанг ќе биде произведена во фабриката Флат Рок и ќе дебитира во 2020 година. За почеток ќе биде достапен само во Северна Америка.
- Транзит специјален плаг-ин хибрид (на располагање во 2019 година во Европа). Ова е автомобил произведен да помогне да се намалат трошоците на користење дури и на најфреквентните улици
- Две нови хибридни полициски возила. И двете возила ќе бидат опремени со најновата полициска опрема.

Оваа глобална хибридна формација ќе биде напојувана од EcoBoost® наместо од атмосферски мотори, со што продолжува борбата во подобрување на перформансите и економичноста на горивата.

Градење на иднината

За поддршка на новата ера возила, компанијата Ford објави план за инвестиција од 700 милиони долари, кои во наредните четири години, ќе бидат вложени во Иновативниот центар во фабриката во Флет Рок, Мичиген, САД. Проширувањето ќе креира нови 700 работни места, а вработените ќе ги изработуваат сите нови возила со продолжен опсег на батеријата, како и целосно автономно возило за возење на повик и возило за споделување, заедно со иконите Мустанг и Линколн Континентал.
Овие чекори се дел од вложувањето на Ford од 4.5 милијарди долари во електрични возила до 2020 година, каде ќе се инвестира во автомобилска и мобилна компанија, вклучувајќи електрични и автономни возила и обезбедување нови решенија за мобилност.


„Се повеќе клиенти се заинтересирани за електрични возила. Затоа Ford се посвети на тоа да биде лидер во нивното производство и да понуди решенија кои ќе го подобрат животот на луѓето. Нашите инвестиции ги рефлектираат погледите на глобално ниво и понудата на електрични возила ќе ја надмине понудата на возила на бензински погон во наредните 15 години“, вели Марк Филдс, претседател на компанијата Ford.

Ford ги фокусира своите планови, сите свои најпопуларни наменски возила, камиони и СУВ да ги претстави како електрични верзии (електрични возила) и да ги направи поспособни, попродуктивни и позабавни за возење.

„Воодушевен сум од можноста да обезбедиме дополнителни работни места за американските работници. Мажите и жените во фабриката Флат Рок покажаа голема посветеност на квалитет во производството на производи и со нетрпение го очекуваме нивниот континуиран успех со новата генерација високо-технолошки возила", рече Џими Сетелс, потпретседател на Националниот Форд Департмент.

Со ова, Ford ја откажа инвестицијата од 1.6 милијарди долари во нова фабрика во Сан Луис Потоси, Мексико. Сепак, компанијата планира да ја произведе следната генерација Фокус во веќе постоечката фабрика во Хермосило, Мексико за да ја подобри профитабилноста на компанијата.


Уникатна електрицифирана технологија

Ford ги применува научените лекции за да произведе патентирани технологии, софтвер и услуги за клиентите со камиони, сопствениците на СУВ, на високо-волуменозни комерцијални флоти и за сите останати.

„Глобалната стратегија на Ford за електрични возила е да се гради на сопствени сили. Додека некои се фоскусирани на маркетинг барања, ние се фокусираме на обезбедување клиентите во возилата да имаат повеќе од она што сакаат да го имаат. Тоа значи повеќе можности за камионите, поголема продуктивност на комерцијалните возила и повеќе перформанси кај спортските автомобили. Плус, подобрена економичност на горивото“, вели Рај Наир, извршен потпретседател, развој на производи и главен технички директор.

Годинава, Ford почна со тестирање на новата генерација електрични возила. Во Европа, кон крајот на оваа година, компанијата ќе го претстави Транзит специјален плаг-ин хибрид, заедно со нов сет услуги за мобилност, телематика и решенија за поврзување. Покрај ова, во Њујорк и во други американски градови, во фаза е тестирање на флота од 20 прототипови на Транзит специјален плаг-ин хибрид такси и камиони/комбиња во најсложени услови во сообраќајот. Овој Транзит специјален плаг-ин хибрид е изработен врз основа на успехот на првото хибридно такси во светот – Форд Ескејп Хибрид (Ford Escape Hybrid). Многу од овие такси возила, сé уште се на патот, секој од нив движи патници за повеќе од 350.000 милји и сè уште ги користат оригиналните батерии. Денес, Форд во Америка е најпродаваниот плаг-ин хибрид и втор во вкупната продажба на продажбата на електрифицирани возила.

Нови услуги

Ford работи на пакет услуги за олеснување на животот на сопствениците на овие возила.

„Инвестираме во решенија за да им помогнеме на клиентите со приватни возила, како и на сопствениците на комерцијална флота, беспрекорно да ги приклучат овие нови возила и технологијата во своите животи. Иновативните услуги се исто така многу важни за клиентите како што се електрифицираните возила сами по себе“, вели Хау Таи-Танг, заменик претседател за купување.

Компанијата Ford има меморандум за разбирање со неколку други произведувачи на автомобили во Европа за да создаде ултра-брза мрежа за полнење. Се планира, оваа мрежа да опфати 400 градови во Европа, а до 2020 година, корисниците треба да имаат пристап до илјадници високонапојувани места за полнење.Ford, исто така, е пионер во безжичната технологија на компанијата ЕВC во САД и Европа. Со ова, полнењето на паркираното возило е безжично и се проширува до електричен опсег на кратко растојание со компјутери, дури и при кратки запирања. FordPass®, исто така, може да им помогне на потрошувачите да го резервираат своето време за полнење.

Разбирање на клиентите

Ford интензивно ги проучува минатите и сегашните сопственици на електрични возила. Досега, компанијата продала повеќе од 520.000 електрифицирани возила во Северна Америка од 2005 година и 560.000 на глобално ниво.Во проучувањето биле вклучени 33.000 сопственици на Ford електрични возила:

- 88 проценти од вообичаеното секојдневно возење на клиентите изнесува околу 60 милји. Со ова, за плаг-инn хибридите, просечното растојание кое може да го поминат со еден „резервар“ е 680 милји, што ги прави ретки возењата до бензинска пумпа
- потрошувачите сакаат колку што е можно повеќе електрична енергија, но опсегот на анксиозност опаѓа со текот на времето, како што тие стануваат се повеќе удобни и запознаени со оваа технологија
- 80 проценти од корисниците на Форд електрични возила (EV) наплаќаат еднаш дневно; 60 проценти во текот на вечерните часови
- купувачите на Форд електрични возила (EV), колективно, ги имаат вклучено нивните возила во должина од 9,4 милиони ноќевања
Големо мнозинство сопственици Форд електрични возила (EV) очекуваат да го заменат сегашното електрично возило (EV) со ново возило:
- 92 проценти од клиенти на електричен автомобил на батерија уште еднаш ќе купат електричен автомобил на батерија при нивното следно купување
- 87 проценти од плаг-ин хибрид клиентите сакаат нов плаг-ин за нивно следено возило

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга