28 Март, 2024
0.0246

Формиран Македонско-српски деловен совет, претседател е Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов

Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во пресрет на одбележувањето на 95-годишнината од своето постоење, Стопанската комора на Македонија формираше Македонско-српски деловен совет, со цел развивање на трговските контакти, насочување и унапредување на извозно-увозните можности на компаниите-членки, како и интензивирање на економската соработка помеѓу Македонија и Србија.

Во рамки на конститутивната седница, за претседател на Македонско-српскиот деловен совет со четиригодишен мандат, беше назначен Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“,   г. Живко Мукаетов.

Кога за прв пат ми беше презентирана идејата за една ваква асоцијација, истата ми изгледаше од една страна прилично амбициозно, но од друга страна, навистина беше потребно здружување во платформа од овој вид. За ‘Алкалоид’, Република Србија е еден од главните стратешки извозни пазари, пред сé поради близината, врските помеѓу двете земји, културолошките сличности и традицијата. Во Република Србија, ‘Алкалоид’ е присутен повеќе од 70 години. Преку успешното работење на компанијата на овој пазар, најнапред преку 4 регионални центри: во Белград, Ниш, Крагуевац и Нови Сад; дојдовме до денешната фаза на оперативен производен погон и над 100 вработени. Тој пат, ние во ‘Алкалоид’ го изодевме сами. За постигнување подобри резултати, на компаниите им е потребно здружување и разни форми на синергија. Овој совет, како асоцијација на стопанските комори, ќе биде еден вид логистичка поддршка за компаниите од двете земји и ќе работи на помагање и унапредување на трговската размена, а со самото тоа и на промовирање на економската соработка меѓу Македонија и соседна Србија“ – истакна Мукаетов во своето обраќање по конститутивната седница на Советот.

Претседателот на Српско-македонскиот деловен совет при Стопанската комора на Србија, г. Миле Коциќ, сопственик на прехранбената индустрија ,,Јумис" истакна:

"Формирањето на Српско-македонскиот и Македонско-српскиот совет, според мене е еден одличен линк помеѓу српските и македонските компании. Како сопственик на ,,Јумис", особено ми претставува чест што мој колега од оваа нова позиција ќе биде токму г. Мукаетов. Имајќи го предвид нашето искуство, но и досегашните достигнувања на нашите компании, сигурен сум дека оваа платформа нема да биде само протоколарна и навистина ќе функционира. Преку чести состаноци, тематски средби и размена на искуства ќе правиме сигурни чекори кон создавање уште подобри услови за слободна трговска размена и добар бизнис амбиент", истакна г. Коциќ.

Македонско-српскиот и Српско-македонскиот деловен совет се организациони форми во рамки на Стопанската комора на Македонија, односно Стопанската комора на Србија, кои ќе остваруваат активности насочени кон стимулирање на соработката, информираноста, контакти со домашни, странски, коморски и деловни партнери, а ќе делуваат и по проблеми и прашања од заемен интерес во делот на економската соработка помеѓу Македонија и Србија.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село