28 Март, 2024
0.0494

Форум за земјоделска политика во Охрид

Објавено во: Агробизнис 17 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Форумот за земјоделска политика 2012 во Охрид на едно место ги собра ресорните министри од 12-те држави-членки на Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите на Југоисточна Европа. Излагањата на регионалните министри за земјоделство ќе ги следат и претставници на институциите на Европската унија, Австрија, Германија, Унгарија и Словенија. Форумот во улога претседавач со Постојната работна група, денеска го отвори македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски. -Нашата земја е подготвена да го сподели националното искуство со колегите од другите земји. Истовремено се надеваме дека и ние ќе се здобиеме со корисно меѓународно искуство, преку зголемена размена на искуство, дискусии и соработка, за да ја подобриме нашата работа. Преку учеството во дискусиите на темите на Форумот, преку слободна и експлицитна дискусија ќе се придонесе кон формулирањето на политиките и перспективите, изјави Димовски На Форумот за земјоделска политика 2012, ќе се дискутира за имплементацијата на идната земјоделска политика и политиката за рурален развој на Европската унија и нејзиното влијание врз земјите од Југоисточна Европа. Акцентот ќе биде ставен на земјоделството и руралниот развој, предизвиците поврзани со климатските промени и територијалната и регионалната соработка. Од собирот во Охрид ќе биде издаден завршен документ, односно „Охридска агенда 2012“, што ќе биде доставен до надлежните европски институции, Европарламентот, директоратите за земјоделство, различни комитети, агенциии, и други институции што се поврзани со аграрната тематика, преку кој ќе бидат презентирани позициите на регионот од ЈИЕ кон темите и проблемите што ги обработува Форумот, а се во врска со заедничката аграрна политика.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи