20 Април, 2024
0.0322

ФОС и ГСОЛ: ФЕНИ да се врати во производство со солидна финансиска поддршка од нашата група

Објавено во: Мои пари 02 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Global Special Opportunities Ltd. (GSOL) и ФОС Асет Менаџмент (ФОС) со задоволство го објавуваат потпишувањето на договорот за повторно започнување на производството на ФЕНИ по јавниот повик од стечајниот управник. Нашата група ги задоволи сите барања за учество на јавниот оглас и уплати финансиски средства од најмалку 10 милиони евра за да го гарантира исполнувањето на своите обврски според договорот.

Тимот на GSOL денес беше добро примен во фабриката ФЕНИ од страна на голем број вработени од технички и административни функции, како и од тимот на стечајниот управник, со цел да се почне со реализација на процесот на производство.

Според договорот, производствениот процес ќе биде рестартиран, платите на вработените се обезбедени со гаранции од нашата група и сите трошоци ќе бидат покриени. Нашата група во фабриката ќе ги обезбеди сите ресурси потребни за успешно производство.

„Многу сме задоволни од исходот на јавниот оглас и целосно сме подготвени да ги инвестираме сите потребни средства и да ги доставиме природните ресурси за ФЕНИ веднаш да го вратиме во процес на производството. Ние сме посветени да соработуваме со вработените во ФЕНИ, транспортерите и сите други добавувачи за да постигнеме успешен резултат и да обезбедиме просперитет за компанијата и сите заинтересирани страни", рече Маркос Камис, извршен директор на ФОС Асет Менаџмент и инвестициски советник на GSOL.

„Нашата посветеност кон ФЕНИ го надминува овој договор и ја повторуваме нашата намера да учествуваме како инвеститор во планот за реструктуирање кој ќе доведе до излез на ФЕНИ од банкрот и успешна иднина како водечки производител на фероникел во Европа", додаде Камис.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција