24 Април, 2024
0.0257

(ФОТО) АКО ЛЕТУВАТЕ ВО ПАРГА ЧИТАЈТЕ: Зошто е градчето кое се гордее со најчистите и најзачуваните плажи во цела Грција

Објавено во: Стил 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Неодоливата убавина дефинитивно ќе ја сретнете наЈонскиот брег  кој претставува незаменлив бисер во ѓерданот на морските убавини кои ги нудат двете блиски мориња. Јонскиот брег со својата неисцрпна понуда секоја година не иницира да откриеме уште некое ново место кое ќе го привлече вашето внимание.

Парга е мало гратче, кое лежи на северозападниот брег во Грција, во регионот Епирус. Тој е еден од најубавите градови во Грција, кој прави да поверувате дека се наоѓате во некој од главните градови на грчките острови.

Во Парга навистина ќе се разгалите себеси, потопувајќи се во традициите на локалната грчка храна, вино и начин на живот. Локалните жители на Парга изгледаат како да го имаат постигнато вистинскиот баланс за хармоничен живот.

Во непосредна околина на Парга има фантастични природни глетки и прошетки, кои бараат одредено ниво на фитнес од ваша страна. Имајте на ум дека Парга е вгнездена во ридјето на планините Пиндос, што значи дека додека се движите кон повеќето места, ќе треба да пешачите на угорница, но ќе го имате целото време на светот да талкате низ уличките, постојано подзастанувајќи за да се освежите во некој од многуте локали со добро пиво или кафе.

Парга е горд сопственик на најчистите и најзачуваните плажи во цела Грција. Прекрасните плажи како Валтос и Лихнос, кои се простираат покрај блиските заливи, одморот во Парга го претвараат во постојано истражување.

Валтос 

Плажата Валтос е бисерот на Парга, пред се поради својот величествен изглед и природен сјај.Таа е една од најпопуларните плажи во Парга, благодарение на  својот блескав песок и неверојатно бистрата вода.  Плажата е одлично организирана за водни спортови како: скијање на вода, возење со скутер на вода, сурфање на ветер, нуркање.

Лихнос

Плажата Лихнос  е лоцирана на 4 км јужно од Парга. Таа е една од најубавите плажи во Епирус и најпопуларна плажа во Парга. Всушност, таа е една од оние неверојатни грчки плажи во кои длабокото сино море е совршено исплетено со зеленило од маслиновите дрвја, во еден пејзаж. Лихнос е песочна плажа, а водата е длабока и чиста. На оваа плажа, исто така ќе имате можност да уживате во разни водни спортови: нуркање, сурфање, возење со скутер по вода… на Лихност исто така имате можност за изнајмување на педалинки, со кои што ќе можете да го ,,истражувате “ Јонското море. Доколку ја посетите оваа плажа, треба дефенитивно да одите до пештерата Афродита, која е лоцирана на петминутна оддалеченост и до која можете да стигнете само со брод или педалинка.Според  легендата, Афродита- божицата на љубовта и елеганцијата, имала обичај да се капе во оваа пештера.

Саракинико

Плажата Саракинико е една од најмистичните плажи, лоцирана на 12 км од Парга и истата овозможува спокојно богатство од грижите, нурнувајќи се во кристално бистри води и уживајќи во прекрасниот песок. Совршена е за семејства и љубовни парови, благодарение на романтичниот момент кој го создава маслиновата шума, креирајќи спектакуларен пејзаж.  И покрај тоа што  оваа плажа не е толку омилена помеѓу туристите, како што се Валтос и Лихнос, ќе признаете дека таа е сепак волшебна и нуди разни активности како пливање, риболов,изнајмување на педалинка, кану и нуркање

Крионери и Писо Крионери

Плажата Крионери е оддалечена на само неколку метри од центарот на Парга. Во центарот, наспроти плажата лежи мало, карпесто островче, кое локалните жители го нарекуваат Скорда. Крионери е убава и чиста плажа, полупесочна и полукамена, со фантастична сина вода, како во сите делови на Парга. Крионери ја опфаќа и главната улица во Парга, каде што ќе најдете различни продавници за сечиј вкус, како и кафетерии, таверни, ресторани и барови со поглед кон живописната плажа со малото островче.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган