28 Март, 2024
0.0264

(ФОТО) АКО ОБОЖУВАТЕ КАМПУВАЊЕ: Ова се најдобрите камп места во Грција

Објавено во: Стил 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Покрај прекрасните и прометни плажи, Грција е позната и со многу осамени места, каде човек може да избега од метежот и вревата. Изданието „Just Go Greece“ нуди 10 места за кампери со кристално чисти води, одличен песок и прекрасни глетки.

10. Кампинг Егили

Кампинг местото се наоѓа во близина на песочна плажа со сенкасти дрвја наоколу. Освен во убави градини, камперите ќе можат да уживаат и во прекрасни глетки кон планини и блиското село.

9. Кампинг и апартмани „Lichnos“

Распослан во близина на градот Парга, местото е рај за кампери. Располага со над 2 хектари 500-годишни маслинови дрвја крај плажата Lichnos. Во близина можат да се видат неколку интересни региони - река Ахеронтас и Додо, Никополис, Некромантион и Касопи кои се убави археолошки локалитети.

8. Акти Онеиру (Akti Oneirou)

Освен што е местото со најпосетените плажни барови во Халкидики, овој кампинг нуди и луксузни услуги. Во него може да уживате во одлична храна и тајландска масажа.

7. Клуб „Агиа Ана“

И покрај тоа што е одморалиште, кое се наоѓа на плажата „Агиа Ана“, ова летно скривалиште нуди места за шатори, приколки и семејни кампери. Освен во прекрасна плажа, тука можете да уживате и во други активности, како одбојка, кошарка, пливање и забави.

6. Кампинг „Симос“

Кампингот е лоциран на 50 метри од плажата „Симос“, кој може да не е пуста дестинација, но локацијата му е совршена. Тука може да пливате во плитките тиркизни води и да спиете во шатор зад песочните дини. Плажата е достапна преку мала патека која ги дели дините од песочните лилјани.

5. Кампинг „Armenistis“

Се наоѓа во Салки, Халкидики, на час и половина од Тесалоники. Местото се издвојува со кристално сини води, го одзема здивот и убавите плажи. Освен шатори, и кампинг место располага со места за приколки и кампери.

4. Кампинг „Арета“

Совршена локација за луѓето кои сакаат да избегаат од метежот и да се затскријат. Кампингот се наоѓа во Ситонија, на југ од Неос Мармарас и нуди одличен поглед кон небото и две плажи.

3. Кампинг Каламици

Тоа е најсоодветниот кампинг за љубителите на отворено кои сакаат рекреативни активности и прошетки во природа. Можностите за сместување се неколку - шатор, караван, приколки. Тука има можности за нуркање меѓу најубавите карпести заливи.

2. Кампинг Тритон II

Кампингот се наоѓа на островот Пелопонез, во близина на интересни археолошки локалитети - Епидавр, Тиринс, Микена и Аргос. Во него има ресторан, кој нуди автентична грчка кујна.

1. Кампинг „Paradisos Kriaritsi“


Овој кампинг е вистинска авантура. Тој се наоѓа на една од најубавите плажи во Ситонија- Криарици каде што водата е кристално чиста, а песокот чудесен.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи