28 Март, 2024
0.0246

(ФОТО) АКО ВИ СЕ ДАЛЕКУ ХАВАИ И МАЛДИВИ: Ова се најегзотичните плажи на Европа кои ве чекаат да ги откриете

Објавено во: Стил 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Плажите во Европа привлекуваат стотици милиони туристи годишно и се натпреваруваат успешно меѓу најубавите плажи во Австралија, Америка, Азија и Африка. На глобално ниво нема друг континент, кој привлекува толку посетители. Изданието Magical Earth ги претставува топ 10 на најегзотичните плажи на Стариот континент:

10. Навагио, Закинтос

Навагио на грчки значи бродолом. Името на плажата доаѓа од стариот брод кој може да се види таму. Тоа е најубава плажа во Грција и една од најдобрите во светот.

9. Марасаса Бич, Тропеја, Италија

Тропеја е еден од најубавите градови во Италија и бисер на Кантабрија. Туристите на плажа може да уживаат на белите песок, кристално чистите води и зашеметувачки карпи.

8. Конче, Сан Себастијан, Шпанија

Целиот регион е голема летна атракција. Појасот е не само убав, но и со неверојатни води за пливање.

7. Миртос, Кефалонија, Грција

Грчките плажи се познати по својата убавина и Миртос не прави исклучок. Тој ги победи сите, кога станува збор за бел песок и чисти води. Овој убав залив е опкружен со високи зелени карпи и има милиони бели камчиња.

6. Праја да Марина, Алгарве, Португалија

Ова е најпознатата и најмногу фотографирана плажа во Португалија, Таа беше номинирана за една од 10-те најдобри плажа во Европа иго освои првото место на листата на Trip Advisor Travellers 'Choice Awards. Распоредените варовни карпи и морски пештери во близина, ја дополнуваат уште повеќе природната убавина на плажата.

5. Кала Маререла, Менорка, Шпанија

Кала Маререла е совршено бегство од толпите од луѓе. Плажата е со фин песок и чисти тиркизни води.

4. Златни рат, Брач, Хрватска

Долгиот полуостров на Хрватска е познат со оваа прекрасна плажа, за кој се знае дека го менува својот облик во зависност од плимата. Тоа е и најпознатата плажа за сурфање, која ги импресионира туристите од целиот свет со својата убавина.

3. Кала Голорице, Сардинија, Италија

Позната како една од најубавите плажи во Италија, не е изненадувачки дека Кала Горица е една од најимпресивните на Стариот континент. Таа исто така е дел од културното наследство на УНЕСКО.

2. Vik Black Sand Beach, Исланд

Вик Бич се наоѓа во прекрасниот Исланд. Плажата е позната по тоа што го има најцрниот песок во светот. Крајбрежната линија е уникатно убава.

1. Плажа Стини, остров Вис, Хрватска

Оваа неверојатна плажа е мала и скриена. Има само еден тесен премин меѓу карпи, кој ја поврзува со морето. Стини ги има сите карактеристики кои се совршено тајно плажно богатство на Хрватска и Јадранското Море.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи