(ФОТО) Bentley го претстави најбрзиот автомобил во историјата
Објавено во: Стил 08 Јануари, 2017
Производителот на луксузни автомобили Bentley претстави ажурирана верзија на моделот „Continental Supersports“ која собира СЕ во едно најдобро од сите други верзии на моделот. Ова е најмоќниот и најбрз автомобил во историјата на компанијата.
Continental Supersports е со 700 КС и забрзува од 0 до 100 км / ч за 3,4 секунди. Максималната брзина која ја развива, е 330 км / ч. Тежината на возилото е 2750 кг, што е импресивен резултат за оваа тежина.
Автомобилот ќе се нуди и во верзија кабриолет, кој развива 100 km / h за 3,7 секунди и е со 150 килограми потешка.
Continental Supersports е со нови браници со карбон елементи, а тркалата се придвижуваат со помош на 8-степен менувач.
Внатрешноста е тапацирана со висококвалитетна кожа во три нијанси. Воланот е уникатен за моделот, а истото важи и за менувачот, кој има елементи од Alcantara.
Цената на најбрзото Bentley сеуште не е позната.