28 Март, 2024
0.0243

(ФОТО) БИСЕР НА ЈАДРАНОТ: Минијатурниот остров со корали и сунѓери кој мора да го видите во живо

Објавено во: Стил 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

На островчето близу Бродарица може да го разгледате музејот на манастирот и да се замислите над вештините на нуркачите кои пред спуштање во морските длабочини на себе навлекувале килограми тешка опрема.

Од сите населени острови на Јадранот Крапањ е најнисок. Неговата највисока надморска висина не преминува 1,25 метри. Во 60-тите години на минатиот век со повеќе од 1500 жители бил најгуст населен остров на Јадранот.

Одлично се гледа од Бродарица, населба близу Шибеник од кој е оддалечен околу 300 метри е и омилено место за еднодневен излет.

Центарот на островот го сочинуваат куќи карактеристични за Далмација, а е опкружен со густа борова шума. Караактеристичен сувенир од островот Крапањ се украсите и разновидните предмети од сунѓери.

Таму се одржува и традиционалата „гајета на весла“-регата во која веслаат само жени од островот, а секоја години привлекуваат голем број посетители. Веслањето на жените од Крапањ им е во крвта од дамнешни времиња, кога речиси секојдневно патувале од островот до копното.

Крапањ се гордее со вековната традиција на рибарство. Во музејот на манастирот љубопитните можат да разгледаат бројни експонати и поблизу да се запознаат со животот на жителите во минатото.

Црквата била осветена во 1523 година а тогаш од Ерусалим пристигнало и распетието направено од маслиново дрво кое таму се чува. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи