24 Април, 2024
0.0253

(ФОТО) Блогерка советува како да патувате со малку пари

Објавено во: Стил 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Ивана Ковачевиќ е позната српска блогерка која од мали нозе патува и советува како да патувате со малку пари. 

Таа за себе вели дека патувала на сите континенти, а работи на тоа да ги посети сите држави на секој континент. 

Објаснува дека жалбата, а не парите се пресудни за да се патува. 

„Патувањето за мене и за оние со кои патувам значи истражување, а не одмор“ - вели таа. 

Од секое патување блогерката се враќа со зачини кои во родната земја ги нема. 

Ковачевиќ вели дека луѓето едвај врзуваат крај со крај, но патувањата не се луксуз. 

„Авиокомпаниите нудат повратни билети за 10 евра, сместување може да се најде преку „Airbnb“  за пристојна цена. Важно е да имате желба и волја. Обидете се. Ќе ги проширите видиците и ќе бидете горди на себе“ - вели оваа девојка. 

Таа има и блог на кој ги опишува земјите каде патувала со цел да ги доближи на другите луѓе кои сакаат да патуваат. Дестинациите ги бира зависно од тоа за каде има евтини авионски билети. Вели дека неодамна многу убаво си поминала на патување во Либан, иако луѓето имаат предрасуди за тамошното население. Раскажува дека секаде има луѓе кои се подготвени да помогнат, а патувањата според нема немаат лоша страна. 


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган