19 Април, 2024
0.0243

ФОТО: Чини само 2000 евра, кои се најевтините автомобили на светот?!?

Објавено во: Стил 05 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Ако во европските држави ретко се наоѓа нов автомобил под 8 ооо евра, во Кина и Индија нештата се поинакви. Конкуренцијата во Азија е жестока. Странските производители нудат основни верзии на нивните модели или создаваат помали автомобили. Цените овде изнесуваат околу  3 000 евра за автомобил. Овие возила не одговораат на европските стандарди за опрема и безбедност. Како негативен пример се посочува индискиот модел „Tata Nano“ - најевтиниот автомобил во светот. Чини само 2 000 евра, но дури и во Индија не се продава добро, бидејќи како што велат луѓето од оваа индустрија клиентите сакаат нешто повеќе од "само поевтино", а  ниската цена сама по себе не е рецепт за успех. Сепак, ова се десетте најевтини модели во светот! 1. „Tata Nano“ сеуште е најевтиниот автомобил во светот. Компактниот индиски автомобил чини само 2 000 евра. 2. Новиот „Bajaj RE60“ според цената е конкуренција на „Nano“. 3. Моделите на „Jiangnan“ произведени во Кина имаат цени од 2 300 до 2 500 евра. 4. Во Индија моделот „Maruti 800“  на заедничката компанија „Maruti Suzuki“ чини околу 3 000 евра. 5. Горенаведениот производител нуди и мал ван  „Omni“, по цена нешто над 3 000 евра. 6. Најновата варијанта на моделот „Alto“ од „Maruti-Suzuki“  може да се купи за 3 500 евра во Индија. 7. За околу 3 500 евра компанијата „FAW Haima“ го  нуди новиот модел „Haima Prince“ во Кина. „FAW Haima“ е заедничка инвестиција на кинеската фабрика „Firts Automotive“ и јапонската „Mazda“. 8. Около 3 600 евра чини моделот „Chana Benni Mini“ на кинеската марка „Chongqing Changan“. 9. За само 100 евра повеќе или 3 700 евра, може да се купи „Chery QQ3“ во Кина. 10. Познатиот модел на „Chevrolet“ - „Daewoo Matiz“, се продава во Јужна Кореја, како основна верзија за само 3 500 евра.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре