19 Април, 2024
0.0255

ФОТО: Чудна малина, расте 2 метри и има плод на зима

Објавено во: Агробизнис 03 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Малина е засадена во расадник во Србија и е висока 2 метри. 

Да не е пластеникот, таа уште би растела. Со нејзините плодови лани сопственикот Владе Крстониќ од Миличево село послужувал гости на Свети Никола. 

Се работи за сортата хертиџ која практично се бере шест месеци. Крстониќ вели дека од месец јули наваму бере малини. Тој за 4 години колку што ги одгледува малините не употребува пестициди. Еден килограм се продава за 350 динари. 

„Таа делува здраво и делува постабилно и подобро ги поднесува овие наши услови“ - вели сопственикот. 

Тој сам ги произведува садниците. Имал околу 3.000 садници, но сите ги продал затоа што има голем интерес. Вели дека во иднина ќе ги прошири површините. 

Овие малини во пластеник не се прскаат, туку само се прехрануваат што не се одрази на родот. 






Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари