25 Април, 2024
0.0276

(ФОТО) Дал отказ и заминал да фотографира плажи - има 1001 предлог за вас

Објавено во: Стил 15 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Грегор Балажиќ од Хрватска пред 4 години добил идеја да ги фотографира најубавите плажи. 

Дал отказ, купил камп приколка и камера и тргнал да ги фотографира и снима плажите долж Јадранот. 

Досега има околу 200 податоци за посебни плажи, а наскоро ќе тргне во обиколка на 1500 плажи во Франција, Шпанија и Италија. 

Тој освојува нов земји и ја полни со податоци базата која ја создал. 

Досега Балажиќ има 50.000 фотографии и 2.500 видео снимки од плажи, но и 500.000 податоци за видот на плажите, инфраструктурата и други важни информации. 

„BeachRex е проект кој настана пред 4 години. По 30.000 поминати км во истражување на плажи на јадранскиот брег, бескрајни часови со создавање и средување на податоците, конечно е направена професионална презентација на плажите во Хрватска“ - вели тој. 

Балажиќ смета дека неговата база на податоци, најверојатно е една од најголемите на светот. 

Целта е да им помогне на туристите да ги изберат најубавите плажи и да си го поминат одморот на најдобар можен начин.  Плажите кои веќе ги фотографирал и снимил ги подредил по категории. Ги групирал така што можете да барате плажи кои се семејни или се за забава, има информации каде во близина можете да се сместите или каде ќе најдете ресторан, паркинг и слично. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган