28 Март, 2024
0.0247

ФОТО: Ѕвездите со најмали куќи

Објавено во: Стил 04 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Иако можат да си дозволат да живеат во огромни палати и многу од нив го прават, некои богати ѕвезди сепак живеат во скромни ( за нивните можности ) куќи и станови . Кристина Ричи , на пример , живее во куќа со едвај 2 спални, што е ужасно малку во однос на нејзините колеги од Холивуд , кои не гледаат дом без најмалку 5-6 спални и уште толку бањи. Видете кои ѕвезди имаат најскромни домови : 10 . Брендон Бојд - куќа со 4 спални за 3,5 милиони долари во Санта Моника Фронтменот на групата Incubus заработува добро , но очигледно не сака да троши пари на имотот . Во 2012 година тој купил куќа во Санта Моника , изградена во 1923 година со 4 спални . Има базен што е вообичаено во Санта Моника , но нема куќа за гости , фитнес или други простории. 9 . Ники Хилтон - куќа со 3 спални во Лос Анџелес за 2,95 милиони долари Наследничката со презиме Хилтон би можела да потроши многу повеќе пари за куќа , но таа живее во дом за помалку од 3 милиони долари. Има „само " 380 квадратни метри. Има и мал двор со базен, а куќата е изградена е во 1940 година и е на два спрата. 8 . Тори Спелинг - куќа со 3 спални за 2,6 милиони долари во Малибу Актерката живее со своите деца во скромна куќа со 3 спални . Овој начин на живот е во контраст со претходниот како ќерка на познатиот продуцент Спелинг и е израсната во дворец со повеќе од 100 соби кој неодамна се продаде за 85 милиони долари. Сега домот и е голем  222 квадратни метри , што кај повеќето од нејзините колеги во Холивуд е големината на куќичката за гости. Куќата на Спелинг е само на еден кат , а до неа има мал овоштарник . 7 . Кристина Ричи - куќа со 2 спални за 1,5 милиони долари во Лос Анџелес Домот на ќерката на Лајонел Ричи е со површина од едвај 175 квадратни мерка, но е со стилски дизајн . Изградена е во 1957 година и има градина и базен . Ричи ја купи оваа куќа во 2005 година. 6 . Пит Венц - куќа со 4 спални во Студио Сити за 1.5 милиони долари Музичарот живее во мала куќа од едвај 185 квадратни метри. Најимпресивно во неа е градината во која има павилјон за чај во јапонски стил и езерце со водопад. Самата куќа е пријатна со камин во дневната соба. 5 . Лија Мишел - куќа со 2 спални за 1,4 милиони долари во Лос Анџелес Актерката живее во куќа со 2 спални, изградена во 1920 година. Во дворот има базен со солена вода. Површината е едвај 167 квадратни метри. 4 . Лорен Конрад - стан со 3 спални за 1,35 милиони долари во Беверли Хилс Ѕвездата неодамна се пресели во стан во Беверли Хилс за 1,35 милиони долари. Тој има 3 спални и 4 тоалети , но и базен на покривот од каде се открива прекрасна глетка кон Беверли Хилс. 3 . Мередит Виера - куќа со 3 спални за 1,1 милиони долари во Лос Анџелес

Водителката може да си купи палата од милиони , но избрала да даде само еден за овој дом во Холивуд Хилс . Поврпината е 165 квадратни метри. Импресионира со високите тавани , огништето и француските прозорци со поглед кон Холивуд . Од сите соби се излегува на голема камена тераса .

2 . Шекил О'Нил - куќа за 250 000 долари во Флорида

О'Нил има и огромна палата со 11 спални и 13 бањи во Орландо . Неодамна сепак тој се пресели во куќа за само 250 000 долари во Маунт Дора , Флорида . Таа има 5 спални , 4 бањи , бар во дневната соба и површина од 362 квадратни метри , што е ништо во споредба со претходниот дом. 1 . Ворен Бафет - куќа за 30 000 долари вo Омаха со 5 спални Ворен Бафет не е холивудска ѕвезда, но е трет најбогат човек во светот по Бил Гејтс и Калрос Слим. Тој живее во куќата во Омаха , која ја купил уште во 1957 година за 30 000 долари. Има само 610 квадратни метри , што е доста помалку отколку што се очекува од човек со 46 милијарди долари!

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи