24 Април, 2024
0.0312

(ФОТО) Една од најубавите куќи на екс СФРЈ бара нов сопственик

Објавено во: Стил 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Некогаш чинела 300 000 долари, а сега се продава за 50 милиони долари.

Во 1946 година тогашна Југославија ја купила оваа куќа за 300 000 долари. 70 години подоцна оваа четирикатна вила бара нов сопственик.

Во огласот пишува дека има 20 000 квадратни метри, 9 нивоа, има 10 соби со поглед на Централ парк и уште 8 соби кои имаат „малку полош“ поглед. Куќата ја дизајнирал истиот архитект кој работел на станицата Гранд сентрал во Њујорк. Уредена е по примерот на Версај, со оригинални детали на најистакнати уметници од почетокот на 20 век.


Се наоѓа на престижниот Апер ист сајд во Њујорк, точно преку пат на познатиот Централ парк. Има вкупно 18 соби, шест купатила, како и вински подрум. Наводно во куќата постои и соба со прозорци отпорни на куршуми, во која не е можно прислушување.


Во оваа вила досега престојувала Мисијата на Србија при Обединетите нации. Ова не е единствена вила на екс СФРЈ која се продава. Наскоро на продажба одат и зградите на дипломатско-конзуларните претставништва на екс СФРЈ во Бон, Берлин и Токио.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган