19 Февруари, 2018
0.4996
    ALK 7932.13    -0.83%     CKB 600    15.38%     GRNT 810.5    -1.16%     KMB 3397.19    2.23%     LOZP 2400    14.29%     MPT 29500    0%     MTUR 4200    0.02%     OKTA 3600    -2.7%     RMDEN16 94.8    0%     RZIT 20    0%     RZLV 50    -5.66%     SLAV 3600    -40.98%     TETE 2236.02    3.04%     ZPKO 2812    -1.22%

(ФОТО) ЕЛИТАТА ПРИСТИГНУВА: Вака изгледа Давос каде се собираат светските лидери

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2018

Во Швајцарија денес почна Светскиот економски форум, на кој повеќе од 3000 светски лидери и најбогати бизнисмени ќе расправаат за намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните.



Вооружени чувари се наоѓаат на секој чекор, а репортери јавуват дека дури иако сте акредитирани, мора да поминете низ сложена безбедносна процедура за да влезете во комплексот.


Она , што исто така е многу впечатливо е дека снег го завеал Давос така  што работниците со полна пареа ги чистат улиците и крововите.

Голем број делегати имале проблеми да стигнат до скијачкиот центар на Алпите. Една од главните железнички линии која води до градот е прекриена со снег, приморувајќи ги патниците да се префрлат на автобуси. Неколку состаноци кои се закажани во очи на форумот се откажани или одложени.


Организаторите се надеваат дека сообраќајот ќе се врати во нормала додека не дојде долгоочекуваниот гостин американскиот шеф Доналд Трамп.

Бидејќи паднало доста снег, опасноста од лавини и натаму постои.


Организаторите го искористиле снегот да ги забранат и протестите. Властите во Давос одбиле да прифатат барање на левичарски групи за одржување протести во текот на Светскиот економски форум поради обилни снежни врнежи.

Пред почетокот на состанокот Оксфам објави поразувачки извештај во кој се наведува дека имотот на 42 најбогати светски милијардери изнесува 1,1 билион долари, колку што има дури 3,7 милијарди најсиромашни луѓе на планетава.

Можеби ќе ве интересира

ИМА И „МИНИ МЕРКЕЛ“: Kоја е таа?

ИМА И „МИНИ МЕРКЕЛ“: Kоја е таа?

Ердоган и Путин телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија

Ердоган и Путин телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија

(ФОТО+ВИДЕО) ЧАД И ПЕПЕЛ ВО ВИСИНА ОД ПЕТ КИЛОМЕТРИ: Издаден е „црвен код“

(ФОТО+ВИДЕО) ЧАД И ПЕПЕЛ ВО ВИСИНА ОД ПЕТ КИЛОМЕТРИ: Издаден е „црвен код“

Орбaн: Со влезот на мигранти отворен е патот за пад на христијанството

Орбaн: Со влезот на мигранти отворен е патот за пад на христијанството

Видео: Терорист уби пет жени во руска црква

Видео: Терорист уби пет жени во руска црква

Нетанјаху дрско му го врати срушениот дрон на иранскиот министер

Нетанјаху дрско му го врати срушениот дрон на иранскиот министер

Не чекаат два пати повеќе земјотреси во 2018: Во Европа најризична е Албанија, најбезбедна во светот е Катар, а каде сме ние на листата?

Не чекаат два пати повеќе земјотреси во 2018: Во Европа најризична е Албанија, најбезбедна во светот е Катар, а каде сме ние на листата?

Лавина затрупа десет лица, спасувачката акција е во тек

Лавина затрупа десет лица, спасувачката акција е во тек

(ВИДЕО) Ова е најжестоката кражба некогаш пробана, но со безуспешен крај

(ВИДЕО) Ова е најжестоката кражба некогаш пробана, но со безуспешен крај