20 Април, 2024
0.0275

ФОТО: Елитен станбен комплекс во Скопје!

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Зелена површина, езеро, вештачки водопад, базен со пикник простор, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања сето тоа се карактеристиките на новиот станбен комплекс „Верина“. Комплексот се наоѓа во непосредна близина на скопската обиколница на атрактивна локација во Орман и се простира на 30.000 метри квадратни. Комплексот е од затворен тип со сопствено обезбедување, составен е од седум станбени објекти, во завршна фаза од градбата со вкупно 58 луксузни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни. Реализацијата на проектот започна во мај минатата година, а официјалното пуштање во употреба се очекува на пролет. Инвеститор е д-р. Благоја Николовски, а изведувач на градежните работи е компанијата „Никоб Инжинеринг“, која воедно го има изработено и проектот за комплексот. „Кај нас не станува збор за класични станови, туку за концепт на организирано живеење коешто ќе ги олесни секојдневните обврски на лицата кои ќе бидат дел од овој комплекс. Нудиме пристапна цена, беспрекорен квалитет на оваа станбена населба којашто по многу нешта се разлика од понудата на станови што постои во градот“, изјави Благоја Николовски. Станарите на „Верина“ ќе може да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина, порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, вештачки водопад, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања. За потребите на комплексот, во негов склоп ќе функционира и супермаркет. Сите објекти ќе бидат опремени со панорамски лифт, а становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени, односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон езерото. Покрај ова, сопствен систем за греење и ладење, како и сопствен паркинг простор се дел од поволностите за идните станари. „Филозофијата и концептот на овој комплекс е создавање на еден облагороден животен простор каде ќе бидат достапни сите неопходности за нормално одвивање на секојдневните потреби на едно типично семејство. Комплексот Верина е совршено место за живеење затоа што е доволно изолирано од градската врева а сепак блиску до градот а истовремено ги нуди сите потребни содржини за еден мирен, среден и повеќе од пријатен живот“, изјави главниот архитект на комплексот Звонимир Вељак.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите