(ФОТО) Еве што остави зад себе земјотресот во Грција и на турскиот брег
Објавено во: Балкан 21 Јули, 2017
Урнатини, оштетени патишта, мостови и испукани градби има по земјотресот кој го стресе островот Кос во Егејското море со јачина од 6.7 степени.
Дури и бродовите во локалното пристаниште се оштетени од потресот. Туристите си заминуваат. Островот допрва ќе ги чувствува последиците од елементарната непогода.
На Кос, според полицијата, загинаа најмалку двајца туристи, еден од Шведска и еден од Турција, а околу 100 лица се повредени, објави Ројтерс.
И во Бодрум редица згради се испукани, а болницата била евакуирана. Штетите се големи.
Во двете земји има над 200 повредени лица.