25 Април, 2024
0.0288

(ФОТО) ЕВРОПА И АМЕРИКА ПАРАЛИЗИРАНИ ОД СНЕГ: Леден бран во Романија, во Полска се смрзнуваат

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Ниски температури и силни бури парализирале делови од источна Европа и САД, што довело до сообраќајни незгоди, затворање на патишта, доцнења во патувањата и итни евакуации на населението.

Во Романија, која најмногу е погодена од невремето, главните авто-патишта на југот и истокот на земјата се затворени поради снег. Откажани се тргнувањата на 40 возови поради снег на шините.

Како што навел висок претставник за вонредни ситуации Раид Арафат, од загрозените подрачја се евакуирани 622 луѓе, на кои им е потребна дијализа и 126 трудници.

Студениот бран и снежни врнежи предизвикаа хаос и на патиштата во Србија. Во верижен судир во Ниш се поврдени 17 луѓе, меѓу кои има шест деца.

Околу 650 села во Бугарија пак останале без струја поради силните ветрови и обилни снежни врнежи. Метеоролозите предупредуваат дека температурите за викендот ќе се спуштат на -20 степени, поради што е издадено предупредување, а на граѓаните им се препорачува да останат во домовите.

Селата на северот од Црна Гора буквално се отсечени, лоши временски услови доведуваат до доцнења во сообраќајот, а властите апелираат граѓаните да не излегуваат од дома и без потреба да не тргнуваат на пат.

Во последните 24 часа во Полска од смрзнување починале три лица. Полицијата ги повикала Полјаците да ја повикаат веднаш штом забележат некој на чиј живот му се заканува мраз.

Бурата Аксел ја спуштила синоќа температурата во Германија на -25 степени.

Многу е студено и на северот од Европа. Во Финска се измерени -23 степени, а слична температура е забележана и во Литванија. Поради бурни ветрови во Норвешка се откажани тргнувања на траектите ма рута западно од Копехаген.

Студените температури и лошите временски услови блокирале и делови од САД. Националната метеоролошка служба издала предупредување на зимска бура во источна Алабама, Џорџија, вклучувајќи ја и Аталанта како и делови од Каролина и Вирџинија.

Откажани се часовите во неколку американски сојузни држави, а во Алабама и Џорџија е прогласена вонредна состојба поради доаѓањето на снежна бура, која ја однела првата жртва во Кентаки.

Повеќето школи во Кентаки, Тенеси и Западна Вирџинија се затворени поради обилниот снег. Зимските временски услови предизвикуваат неприлики во Северна Каролина.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови