Добивај вести на Viber
Француската компанија PGO, специјализирана за производство на оригинални спортски автомобили со ретро-дизајн, почна да прима нарачки за својот нов модел, пишува порталот Авто Плус. Новиот „Cevennes“ потсетува на „Porsche 356“ , но има мотор на BMW.
Порано PGO преземаше мотори од Пежо, но сега Французите одлучија да направат кабриолет и во него да вградат мотор на BMW.
„PGO Cevennes“ е долг 3.7 метри и тежи помалку од 1 тон. Засега Французите не ги објавија цените на возилото. Тие нудат уште два модели - кабриолетот Speedster II и екстравагантно купе Hemera, пишува
Авто Плус.