(ФОТО) Французите исцртаа нови граници на Балканот
Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2017
Француската државна телевизија Франс 2 при емитување на прилог за мигрантската криза, прикажала карта на Балканот на која БиХ е споена со Србија.
Новинарот Хаким Абделхалем во централните вести емитувал прилог на оваа тема.
Во прилогот немало ништо спорно, освен тоа што картата на Србија не е соодветно прикажана.
Комплетната територија на БиХ на картата била ставена во граници на Србија.