25 Април, 2024
0.1177

ФОТО : Галичка свадба 2013

Објавено во: Стил 15 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Галичката свадба годинава се одржи по јубилеен 40-ти пат, а почна во саботата со китење и истакнување на бајракот и три истрели од пушка. Двата дена со звукот на зурлите и тапаните на дебарските музичари „Мајовци“ се играат изворните ора.

Девојките од „Фолкорни бисери“ го заиграа Невестинското оро и ја воодушевија публиката.

 

Откако момците од „Фолкорни бисери“ го заиграа  Тешкото оро сите посетители во Галичник громогласно ракоплескаа и довикуваа.

Учесниците во поворката, во која поголемиот дел се статисти, на себе носат ракотворени стари носии, изработена во срма.

Свадбата официјало почнува со обичаи во домот на невестата по кои за гостите и посетителите се организира етно концерт на платото пред чешмата Упија.

Првата „Галичка Свадба“ е одржана во 1963 година. По две изданија, повторно е обновена во 1973 година. Откако е пуштен во употреба патот Маврово-Галичник, се одржува во континуитет. Фотографиите ги изработи Петар Хаџиев.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти