25 Април, 2024
0.0251

ФОТО: Го одгледуваат овошјето на иднината кое носи профит

Црни бобинки слични на рибизла или боровница се одгледуваат затоа што имаат лековити својства.

Објавено во: Агробизнис 19 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Сибирската аронија  е хит меѓу земјоделците во долината на Неретва. Во населеното место Крвавац оваа егзотична билка се одгледува како да е тука стотина години. На плантажите на семејството Јелчиќ е засадена и има добар род. 

„Работиме цело семејство. Во бербата помагаат соседи, пријатели, кумови. Зимските и летните температури не се проблем, поднесува и -40 под  нула“ - вели сопственикот Лука Јелчиќ.

Ова семејство прво одгледувало мандарини, но потоа увиделе дека сибирската аронија носи поголем порфит. 

Тие имаат обезбедено пазар и сигурна продажба. Поседуваат 1700 стебла од кои ќе наберат 7 тони квалитетно овошје. Овие бобинки се берат внимателно и се подготвуваат за преработка. Специфично за нив е што се берат рачно. Брз берач може да набере 8 килограми за час иако плодовите се ситни. Се бере седнат на столче, а се носат задолжително и пластични ракавици затоа што аронијата испушта боја. Се работи за еколошко производство и оваа овошка се нарекува витаминска бомба или супер овошје. 

Поради нутритивната вредност и антиоксидансите добра е за болни од карцином, дијабетес и кардиоваскуларни болести. 





Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади