Добивај вести на Viber
Од утрото грчките погранични служби не работат, а на преминот Богородица се создаваат големи колони на возила на македoнски патници кои сакаат да одат во Грција. Неофицијално грчките службеници ги информирале македонските власти дека станува збор за паѓање на компјтeрскиот систем, поради што преминувањето на границата е блокирано. Патници, кои се јавија во редакцијата на ФАКТОР и ни ги пратија фотографиите, велат дека ваквата состојба трае од 9 часот, и дека се уште нема најави кога преминот ќе биде деблокиран.