(ФОТО) ГРЦИЈА: Поплави, студено време и снег на Олимп
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2017
Дожд, поплави и снег има во делови од Грција.
Еден загинат има од грмотевици, а снег во неделата падна на планината Олимп. Во земјата има и голем пад на температурите.
Според Атинската национална опсерваторија лошото време во Грција ќе продолжи барем уште два дена, како најзасегнати ќе бидат јужните и западните делови на земјата.
Еден алпинист е во неизвесност на Олимп. Во исто време во гратчето Амфилохија 45-годишен маж е убиен од грмотевица. Урагански ветер го зафати реонот на Рио-Антирио (во близина на градот Патра во Пелопонез) и ги искинал јажињата на два ферибота.
Слично време со дожд и ветер се очекува и за утре.
Ова е циклонот Медуза кој се јави по неколку топлотни бранови во Грција.