(ФОТО) ХЕРОИНА ВО ДЕВЕТТАТА ДЕЦЕНИЈА: Во село со двајца жители се грижи за црква и џамија
Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2017
Јања Чорак која има 88 години живее во Котези во БиХ, и во селото каде има само двајца жители се грижи за црква и џамија.
Таа се грижи за двата верски објекти лоцирани во ова село на истокот од БиХ.
Освен неа, во селото има уште една старица од 94 години, но таа е на другиот крај и тие ретко се гледаат.
Котези е едно од селата кои изумираат. Чорак секое утро ја погледнува панорамата на селото за да се увери дека сè е во ред.
Прво што ќе здогледа е џамијата во селото која е една од најстарите во земјата и е заштитена со закон.
Таа се надева дека со обнова на џамијата ќе се врати животот во селото.