21 Февруари, 2018
0.4134
    ALK 7801.99    -1.64%     BESK 10275    -3%     GRNT 810    -0.06%     KMB 3389.73    -0.22%     MERM 800    -20%     MPT 29500.63    0%     OKTA 3620    0.56%     RMDEN16 94.9    0.11%     RZUS 139    3.73%     SBT 2041    -2.86%     STB 940.85    0.03%     STIL 139.03    -4.1%     TETE 2286.67    2.27%     TKVS 3110    2.98%     TNB 13581.59    -0.42%     TPLF 1649.9    1.35%     TTK 947    -2.97%     UNI 2050    0%

(ФОТО) И ВО СКОПЈЕ ИМА КУЌИ ОД СОНИШТАТА: Топ три луксузни куќи на продажба или за изнајмување

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2018

Денеска ви претставуваме топ три луксузни куќи кои се на продажба или на издавање.

Нудат навистина фантастични услови а погледот кој го имаат навистина вреди.

1.Луксузна куќа за продавање или издавање во Сопиште


Се продава луксузна куќа на атрактивна локација во Сопиште, која нуди уживање во мирот и тишината на прекрасната природа, како и непречен поглед кон планината Китка, а истовремено е на само 6 км од центарот на Скопје. Куќата се наоѓа на плац од 788 м2. Куќата е на 3 нивоа (со вкупна површина од 274 м2) со кровна тераса на 4тото ниво (или вкупно 355 м2 корисна површина). 


Според податоците објавени на пазар три сајтот за огласување пишува дека сутеренот е составен од подрумска просторија, техничка просторија и сала за вежбање/рекреација. 

Приземјето има дневна соба и трпезарија со прекрасен поглед кон Китка, високо-квалитетна италијанска кујна, канцеларија, гостински тоалет, влезен хол и тераса на источна страна. На катот се сместени 3 пространи спални соби, големо купатило и перална, со засебна тераса. Куќата располага со сопствен систем за греење и ладење (Топлотна пумпа Toshiba Estia, со Rahau автоматика за подното греење и Carrier фенкојлери за греење/ладење. Словенечки систем за греење на санитарната вода со соларни панели. Сите инсталации во куќата се изведени по највисоките европски стандарди, изработени со квалитетни материјали и технички решенија. Куќата е ниско-енергетска и цената на одржување е многу пониска во споредба со традиционалните градби. Изведбата е без термални мостови, греењето и ладењето го прават престојот пријатен без разлика на надворешните фактори.

Цената на оваа куќа е:

ПРОДАЖБА 269,000.00 € / ИЗДАВАЊЕ 2,000.00 €
ЦЕНАТА на ПЛАЦОТ е ОКОЛУ 50,000 €, ЦЕНА на КУЌАТА ОКОЛУ 600 €/m2. Повеќе фотографии или може да видите овде.

2. Луксузно наместена куќа во Бардовци


Се издава луксузна куќа во Бардовци. Куќата се наоѓа во комплекс (Бели Вили) со 8 куќи со сопствено обезбедување, во близина на куќата на рускиот амбасадор, германскиот амбасадор и заменик-американскиот амбасадор. Куќата има површина од 280 метри квадратни. Има гаража за две возила од 30 метри квадратни, сопствен двор од 650 метри квадратни опремен со летниковец и скара-фурна oпкружени со преку 100 зимзелени дрвца и други растенија. 


Приземјето се состои од 2 кујни, 2 гостински тоалета, голем салон и трепезарија. Првиот кат има 5 соби кои можат да бидат спални, детски, работни или гостински во зависност од потребата на клиентите. Има 2 бањи со џакузи, туш масажери од италијанско производство. Секоја соба има свој балкон (вкупно 5, од кои едниот е 20 метри квадратни со поглед на цело Скопје и Водно). Има и подрум од 40 метри квадратни. Куќата има 2 комплетно опремени кујни, 6 клима уреди, агрегат, вода во неограничени количини од сопствен бунар/извор кој не се наплаќа, сопствено парно кое работи на електрична енергија или нафта со 2 тона резервоар, аларм со дојава, 2 сателитски антени, 3 LED телевизори со ресивери, оптички интернет (60 mbps брзина, со лимит 600 ГБ) и MaxTV (Со сите канали вклучувајќи го и HBO).

Цената на месечната закпунина изнесува 1250 евра. А за повеќе детали читајте тука.

3.Луксузна куќа во Сопиште


Се продава луксузна куќа на атрактивна локација во прекрасна природа во Сопиште на 5,5 км од центарот на Скопје. Куќата е изградена во 2013 година и се наоѓа на плац од 1.517м2, со посебна гаража (6,5м х 6м) за 2 возила.Куќата е на 4 нивоа (со вкупна внатрешна површина од 374м2) со тераси на секој спрат и на 4-тото ниво има голема тераса со прекрасен поглед.
Постој видео надзор на приземје на прв и втор спрат а исто така и камери/алармен систем околу куќата.
Куќата е составена од:
- Подрумска просторија од 54м2
- Приземје од 110м2 , голема и светла дневна соба со камин да дрва, трпезарија со прекрасен поглед, високо-квалитетна кујна изработена од орев дрво со вградени квалитетни електрични апарати,гостински тоалет и гостинска соба, влезен хол и голема тераса од 21м2 пред дневната соба.
- На прв кат од 103м2 се сместени 2 пространи детски спални соби со големо детско купатило и заедничка тераса од 5м2 ,1 родителкса соба со сопствено купатило и гардеробер,влезен хол и посебна соба за перална со засебни тераси во сите соби. Помеѓу приземјето и првиот кат има визуелна комуникација (галерија)
- На втор кат од 69м2 се наоѓа една голема просторија која има кујна , големо купатило , дневна соба со камин на дрва , голема тераса од 12м2 со одличен панорамски поглед према градот Скопје , сауна и можност за спална соба. Големата тераса на вториот кат овозможува непречено користење и уживање во панорамскиот поглед.
Куќата располага со сопствен ( многу економичен ) систем за греење и ладење односно Топлотна пумпа АЛТЕРМА DAIKIN за подното греење во цело приземје и во сите 4 купатила и 12 SABIANA фенкојлери за греење/ладење во други простории на куќата. Во сите 4 купатила има додатни високи регистри, 4 туш кабини како и систем за греење на санитарната вода со Германски соларни панели VISMAN.


Сите инсталации во куќата се со највисоките европски стандарди, изработени со квалитетни материјали и технички решенија. Куќата ( 10cm дебелина на стиропор) е ниско-енергетска и цената на одржување е многу ниска.
Хортикултурното решење на големото многу уредно дворно место е многу убаво со голема фонтана ,зеленило и разни дрвја. Оградата околу куќата и главната капија се изработени од ковано железо.
Во дворното место исто така постој базен 10м х 5м и бунар кој што е поврзан со инсталација за полевање на тревниците.

Цена: 450 000 ЕУР а повеќе детали има овде.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛНИ АВТОБУСИ ОДАТ КОН ГЕРМАНИЈА: Од оваа земја луѓето масовно се иселуваат

ПОЛНИ АВТОБУСИ ОДАТ КОН ГЕРМАНИЈА: Од оваа земја луѓето масовно се иселуваат

ТОП ОГЛАСИ ЗА ДЕНЕС: Вработуваат Скопје Сити мол, Алкалоид АД Скопје ...

ТОП ОГЛАСИ ЗА ДЕНЕС: Вработуваат Скопје Сити мол, Алкалоид АД Скопје ...

Макпетрол продолжува со откупот на сопствени акции

Макпетрол продолжува со откупот на сопствени акции

За прв пат еден милијардер бара богатите како него да плаќаат повисоки даноци

За прв пат еден милијардер бара богатите како него да плаќаат повисоки даноци

Мистериозен инвеститор потроши стотици милиони долари за биткоини

Мистериозен инвеститор потроши стотици милиони долари за биткоини

Зошто каматата за долгот што го враќаме годинава порасна за пола милијарда денари?

Зошто каматата за долгот што го враќаме годинава порасна за пола милијарда денари?

ОСУМ МЕСЕЦИ Е ВО ГЕРМАНИЈА: Ова се добрите и лоши страни

ОСУМ МЕСЕЦИ Е ВО ГЕРМАНИЈА: Ова се добрите и лоши страни

Тевдовски со нов закон ќе овозможи среднорочно планирање на буџетот

Тевдовски со нов закон ќе овозможи среднорочно планирање на буџетот

Сите ги забрануваат, само Швајцарија ги прифаќа криптовалутите

Сите ги забрануваат, само Швајцарија ги прифаќа криптовалутите