25 Април, 2024
0.0308

(ФОТО) ИДЕИ: Каде да патувате во ноември ...

Објавено во: Стил 25 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ако сте обожавател на патувањата, а немавте идеја каде да патувате во ноември, во продолжение ви ги пренесуваме градовите кои би можеле да ги посетите.

5. Прага, Чешка

Прага е како дно ризница: можете да доаѓате тука речиси секоја година и секој пат ќе најдете нешто ново и интересно. Ако сте решиле да ја посетите чешката престолнина за прв пат може да се прошетате организирано.

Или едноставно може да талкате низ средновековните улици, да дегустираат чешко кафе, да си замислите желба на Карловиот мост или едноставно да се восхитувате на прекрасната Прага од Петринската кула.

4. Нижни Новгород, Русија


Во рускиот град треба да сте подготвени со удобни чевли, бидејќи во Нижни Новгород во атракциите се вклучуваат цели улици. Историски и архитектонски споменици се Печерскиот манастир (17 век), Смоленска црква (17 век) и Рождественска црква (18 век).

Нижни Новгород е неповторлив град - во него можат да посетите повеќе од 600 уникатни историски, архитектонски и културни споменици, а тоа е исклучително добра причина Нижни Новгород да се вклучи во стоте светски градови со голема историска и културна вредност на УНЕСКО.

3. Рига, Латвија

Идеално место за еден подолг викенд: за 4 дена ќе имате доволно време да го обиколите Стариот град, вклучен во листата на УНЕСКО за светско културно наследство.

Стариот град на Рига е зачуван целосно таков каков бил во средниот век. Тоа претставува исклучителна важност за градот и за целата држава поради зградите, кои се класични претставници на архитектонски стил Art Nouveau.

Главниот град се наоѓа на двата брега на реката Даугава. Рига е најголемиот град во трите Балтички држави и е трет по големина град лоциран на Балтикот после Санкт Петербург и Стокхолм.

2. Милано, Италија

Милано е главниот град на Северна Италија и втор по големина во земјата, кој се наоѓа во близина на реката во рамнините на Ломбардија, најнаселен и развиен италијански регион и еден од најразвиените во Европа.

Градот е познат по модните куќи, со автомобилските фабрики Alfa Romeo и двата фудбалски гиганти Милан и Интер, како и со традиционалниот Божиќен базар наречен Panettone.

Срцето на градот е огромната катедрала во неоготичен стил - "Дуомо", стана позната од филмот на Федерико Фелини. Милано е град со неверојатен дух, ја собира во себе италијанската култура и индустрија.

1. Амритсар, Индија

Амритсар е град во Пенџаб, северозападна Индија и административен центар на област Армитсар.

Во Амристар се наоѓа храмот Хармандир Сахиб, исто така познат како Златен храм, духовен и културен центар за Сикхската религија. Тоа е важно светилиште за Сиките кое привлекува повеќе посетители од Таџ Махал во Агра и е број еден дестинација за Индијанците кои живеат надвор од Индија.

Хиндусите исто така го сметаат Амристар за значаен и свештен град, бидејќи според најголемиот хинду еп ова е местото каде Сита, жената на Бог Рама, ги раѓа близнаците Лава и Куша. Раѓањето се случило во ашрама Valmiki rishi. Покрај Златниот Храм во Амристар се наоѓа и храмот Дургаина, кој е многу важен хиндуистички храм.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган