23 Април, 2024
0.0253

ФОТО ИДЕИ: Како да го декорирате балконот во секоја сезона!

Објавено во: Стил 06 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во обид да најдат оптимална опција за користење на балконот, многу домаќинства решаваат да го претворат во убав зелен простор среде суетната градска средина! И бидејќи ова е одличен начин да му дадете свежина на својот стан, денес ќе ви покажеме неколку идеи со кои да ги аранжирате растенијата на балконот, па да создадете една навистина инспиративна атмосфера! Покажете ни ги своите интерпретации на овие креативни проекти, а грижата за дворот и градината доверете им ја на искусни професионалци!

Изненадувачка нова примена на старите тегли

Теглите наоѓаат се поширока промена во декорирање на домот. Некои ги користат за складирање на зачини во кујната, други ги претвораат во големи фенери за градината. Ние пак решивме да ги интегрираме празните тегли токму на терасата, така што ги претвориме во големи саксии. Бидете креативни и дајте им весела нова нијанса или закачете ги на ѕидот, со користење на дрвена табла и неколку метални стеги.

Дајте им нов живот на старите саксии

Доколку ви досадија старите саксии ние имаме идеја за вас. 

Првиот чекор тука е да внесете различни нијанси спреј (бои) во чаша или друг сличен сад полн со вода. Потоа потопете ги саксиите во водата, а за да не им дадете и на рацете нова светла нијанса ставете гумени ракавици. Кога бојата се исуши, засадете го во саксијата омиленото цвеќе и украсете  со помош на панделки или други омилени украси.

Малите куќички од глина ги заштитуваат вашите растенија

Овде ви даваме една идеја како да ја искористите глината и да направите убави саксии во форма на куќички или кутии за вашите нови растенија на балконот.

За целта исечете шаблон на куќа од картон и по него оформете ги одделните парчиња глина. За да ги поврзете ѕидовите еден со друг, можете да користите дополнително од овој материјал, а кога куќичката е целосно оформена, испечете ја околу 15-20 минути на умерена рерна. На крај оставете да се излади и ставете  ги растенијата во нивниот нов дом!

Одлична креативна идеја за вашата тераса

Овој шармантен проект можете да го создадете за само 20-30 минути, а за реализација ќе ви се потребни плитка вазна, камчиња, почвена смеса и вашите кактуси. Добрата вест е дека тие се скромни и можат да издржат долго време без вода, затоа оваа идеја е исклучително погодна за вашата тераса. За оваа цел ставете на дното на вазната еден слој камења, кои ќе ги покриете со слој почвена смеса. Потоа засадете го кактусот и поставете уште еден слој камчиња, кои ќе бидат потпора за растенијата и ќе допринесат за прекрасниот изглед на вашето ново создание!

Керамичките птички се приземјуваат на балконот за време на секоја сезона

Дочекајте ја секоја сезона дома, така што ќе го опремите балконот со импресивни саксии слични на керамички птички! Насадете во нив мали растенија и наредете ги на ѕидните полици или претворете ги во големи висечки украси со користење на цветна врвца и неколку дрвени пелети за основа. Нанижете ги топчињата цврсто едно до друго и прикачете го садот за нив со лепак, да не се лизне во подоцнежна фаза. Посветете посебно внимание на јазлите и алките, со кои ќе висат декорациите, бидејќи тие имаат клучна улога за нејзината отпорност!

Претворете стар мебел во фантастичен цвеќарник

Ако сте меѓу среќниците кои имаат доволно голем балкон, најдете нова примена на стариот мебел, така што ќе го претворите во одличен цвеќарник! Можете да го освежите изгледот на овој мебел лесно и брзо со помош на боја и лак или пак да зачувате автентичниот изглед, што несомнено ќе придонесе за уметнички изглед на целиот дом. За крај наредете ги вашите омилени вазни и декорации, со што ќе му дадете комплетност на креативниот проект.

Бетонските блокови може да им дадат неверојатен шмек на шуплините за цвеќиња

Употребете го аголот на терасата, така што ќе претворите неколку бетонски блокови во оригинален и исклучително функционален цвеќарник. Размислете однапред за начинот на кој ќе се позиционираат одделните елементи, а по желба можете да им дадете интересен шмек со помош на спреј и бои. Експериментирајте со дизајнот на цвеќарникот, а за основа на почвената смеса во одделните блокови ставете парче жица мрежа и слој крупни камења. На крај насадете ги растенијата, ставете во близина масичка по ваша желба и уживајте во попладневно кафе на балконот!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган