19 Април, 2024
0.0376

(ФОТО) ИМ ПЛАЌААТ НА ТУРИСТИТЕ ПО 300 ДОЛАРИ ДА ЛЕТУВААТ КАЈ НИВ: Магични плажи, бесплатни излети!

Објавено во: Стил 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Можеби ви звучи неверојатно, но неколку магични места на Карибите наскоро ќе почнат да им плаќаат на туристите за да ги посетат.

Сите кои одлучат да останат на островите подолго од 3 дена, ќе добијат 300 долари.

Оваа привлечна понуда настанала по повод прославата од сто години откако Девствените острови станеле официјално дел од територијата на Соединетите Американски држави. САД ги купиле од Данска во 1917 година за 25 милиони златни парички.

Во архипелагот се наоѓаат неколку острови кои им припаѓаат на САД, а најголеми се Свети Џон, Свети Томас и Свети Крој.

Благодарение на нивните спектакуларни плажи, умерена клима и високи стандарди на туристички услуги, Девствените острови ги воодушевуваат туристите од целиот свет, а оваа година ќе се израдуваат и со паричен бонус.

Локалните власти одлучиле да му платат на секој турист по 300 долари ако остане на некој од трите главни острови подолго од три дена, но постојат уште неколку услови.

Понудата важи за оние кои резервираат место пред 1 октомври 2017 година, со назнака за останување на Девствените острови подолго од три дена.

Исто така, 300 долари туристите нема да ги добијат во кеш, туку во посебни ваучери, кои можат да ги искористат за нуркање, излети и сурфање.

Оние кои го посетат преубавиот остров пред самата прослава која ќе трае цел март, ќе добијат посебен подарок, но не постојат никакви знаци што би можело да биде подарокот.

Најдобро време за посета на Девствените острови е од јануари до април, но кампањата трае до 31 декември.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре