28 Март, 2024
0.0264

(ФОТО) ИЗБЕГАЈТЕ ОД СТУДОТ: 5 топли места во Европа, каде да се „сокриете“ во зима

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

И во Европа има места кои остануваат топли дури во текот на зимата. Тие се малку на број, но токму тоа ги прави толку вредни. Ако сакате да се загреете во зима и да се изложите на повеќе сонце, овие 5 места во Европа, се погодни за да се скриете  во текот на студената зима.

Температурите надвор паѓаат со секој изминат ден. И додека зимата има го свој шарм поради снегот и прекрасниот, бесконечен бел пејзаж, студот е нешто што дефинитивно не е манир на повеќето луѓе.

Токму во овие зимски денови на човек посакува да оди на некое топло место, каде што сонцето ќе го допира нежно со своите топли зраци.

Добрата вест е дека не е потребно да поминете половина свет за да отидете на некој рајски остров каде ќе им се радувате на високите температури. Се разбира, ако можете да го направите тоа би било одлично!

Затоа, ако ви се оди некаде на топло, имате доволно слободно време за кратка екскурзија и се разбира, располагате со средства за такво патување, видете ги овие 5 топли места во Европа, каде што може да и се скриете на зимата.

Мадеира, Португалија

Убав остров во Атлантскиот Океан кој е вистински скапоцен камен во студената зима. Дури во јануари во Мадеира се радуваат на 10 часа сонце, а умерената клима на островот го прави соодветно место каде да се скриете на топло. Во зимските месеци во Мадеира има помалку туристи, што е добра можност да уживате во местото на релаксација и по пониска цена. Историјата на Мадеира е интересна, а вулканските плажи на островот го прават особено убав.

Малта

Овој идиличен остров е често идеална дестинација во Европа во текот на зимата. Малта ужива умерена клима и прифатливи цени. Послабите сезони во зимските месеци пак значат повеќе профитабилни патувања и помалку туристи. Главниот град Валета нуди пристап до галерии, музеи и историски градби.

Крит, Грција

Во зима температурите на островот Крит, најголемиот грчки остров, се околу 20 степени Целзиусови. Традиционално, сепак во тоа време на годината има далеку помалку туристи во Крит, што овозможува да уживате во островот и неговата смиреност. Може да ги посетите и планините на Крит, но не заборавајте дека таму температурите се пониски. Во јужниот дел на островот Крит има некои прекрасни плажи со барови и кафулиња, каде што може да седнете и да уживате во сончевите зраци во друштво на омилениот пијалок.

Амалфиското крајбрежје, Италија

Иако Италија е најпосакувана дестинација во зима од љубителите на скијањето, ова се однесува повеќе за нејзиниот северен дел. На југ во Италија се радуваат на потопло време во текот на зимата. Крајбрежјето на Амалфи вреди да биде посетено во секое време од годината, вклучувајќи и во зимските месеци. Убавината на градот Амалфи е инспиративна, доказ за што е и фактот дека градот е под заштита на УНЕСКО. Единствениот недостаток на Амалфи (дури и во зима) е дека тоа не е евтина дестинација.

Кипар

Ако сакате да поминете некое време на плажа во текот на зимата, тогаш можеби треба да се насочите кон Кипар. Температурите на островот дури во зимските месеци се околу 20 степени Целзиусови, што го прави соодветно место каде да се сокриете на топло. Цените во Кипар се прифатливи, а неговата историја заслужува внимание. Кујната на островот е одлична, особено за љубителите на морска храна.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи